УЖАС: Откриена тајната на Бучкоски, постои снимка

Македонија

Во Бугарија се случи земјотрес од 5% по македонското прашање, со победата на прозападните политичари, наместо „мутрите“ на Бојко и Краси вовода, најголемите пријатели на специјалниот ни преговарач Владо Бучковски. Тој веќе е во паника, зашто неговите „спонзори“ засекогаш заминаа од власта во Бугарија, а во исто време тие него го имаат во раце. Се очекува земјотрес од 10% во Бугарија и во Македонија, доколку тие ги исполнат најавите за видео снимката.

Имено, специјалниот пратеник за Бугарија на Владата на Заев, Владо Бучковски смета дека брзо ќе се пронајде заеднички јазик со евентуалната нова бугарска влада предводена од Кирил Петков, но со решение кое токму тој го предложил. На тој начин, тој фрли ракавица, беше експресно пренесен од сите проболшевички и мафијашки медиуми во Бугарија во текот на ноќта, со единствена теза, Кирил Петков игра по нотите на Бучкоски. На тој начин се прави смут, да се обесхрабри новиот премиер на Бугарија да го тргне ветото за Македонија, да се прикаже како слабак и измеќар на Амариканците кој ги продал бугарските интереси.

Но има причина за таквите нервозни изјави на Владо Бучковски. Не е тоа момент на негово опуштање на случаен ТВ настап, токму со поранешниот амбасадор во Бугарија и претставник на ВМРО ДПМНЕ Маријан Ѓорчев.

„Овој пристап кој тој (Кирил Петков) го промовира, за волја на вистината е форсиран од македонска страна, од моментот кога јас (Бучкоски) станав специјален претставник на владата“ – е нарачаната реченица на специјалниот ни загубар од софиските спонзори.

Бучкоски тука не застана, продолжи со обидот да ги минира новите шанси за пријателство. „Ја наследив веќе подготвената патна карта која ја усогласивме, и каде што се обидувавме преку активностите кои што ги правеше нашето Министерство за надворешни работи (Бујар Османи), да бидеме многу попрагматични и многу попродуктивни“. изјавува специјалниот служител.

Бучковски во целост го омаловажи новиот мандатар за составување на бугарска влада Кирил Петков, дека не знае што говори, односно она што го кажува не е така, бидејќи замислете Бучкоски и Каракачановци веќе имале сработено јак документ, усогласен помеѓу работни групи, кој ако го прифател новиот премиер, брзо би нашле заеднички јазик, рече Бучковски во гостувањето на телевизија Телма.

Сето ова има своја позадина. Нашите извори од Софија ни јавуваат дека тој документ е добро „подмачкан“ од мутрите на Бојко и Каракачанов, а обезбедена е снимка со која наводно нашиот преговарач го држат во џеб тие мутри. Документот кој се чувал за објава на огромното постигнување на „новите“ влади на Заев и Борисов, направени после изборите во двете земји, бил национална катастрофа за Македонците. Неговата содржина било целосно излегување надвор од Договорот за пријателтво, а имплементирање на Меморандумот и Рамковата позиција на Бугарија, со кои се уриваат темелите на македонската држава.

Сега тој документ се обидуваат да го подметнат на новиот премиер Кирил Петков, со цел да биде завршен бизнисот. Имено, Бугарите најдобро ги знаат слабостите на нашиот преговарач, Бучковски кој е осудуван за криминал поврзан токму со Бугарија. Тие ги имале сите докази за тој кримила внимателно и грижливо архивирани. Наводно Бучкоски не можел тоа да го одрече, па прифатил проширување на рамката на преговори во неформална атмосфера. Таму го чекале будните камери на бугарските мурти, каде бил снимен за „дополнителната рамка“ на преговори, а преговарачите си ветиле соодветни награди. Поточно македонската страна побарала награда за себе, а бугарската страна се согласила на таа цена за купопродажба на македонската историја и јазик.

Софиските известувачи информираат дека снимката е веќе во оптек кај повеќе бугарски политичари, од кои и кај оние кои изгубија на изборите. Снимката се очекува во секој момент да пристигне и во Македонија и да падне во рацете на медиумите. За таа услуга, двајца политичари од Бугарија бараат соодветен надоместок, а македонски опозициони спонзори се подготвени истото да го исплатат.

Но доколку тоа се случи, ќе биде онаа народната „еден куршум, два зајаци“. Од една страна Бугарите ќе наплатат, ќе направат страшна криза во Македонија, но во исто време ќе ги минираат разговорите со новата влада и ќе го обесхрабрат Кирил Петков да започне со процес на нормализација на односите помеѓу двете влади.

Ова ќе биде повеќе од доволно засекогаш да се компромитираат македонските позиции, странските партнери да кренат раце од поддршката за Македонија, а Бугарија да ги исполни своите задачи кон газдите од Москва.

МКДенес нема да објавува детали, доставени од Софија, поради нивната употребна вредност за московски интереси.