MAЗOXИCТИЧКО добpo утpo од амaтepкaта и Maкедoнците

Добро утро

Диво месо или македонски мазохизам?!

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Дивото месо кое се создава кога едно влакно ќе зарасне во кожата е симбол за злото кое тешко се искоренува, а за да се отстрани бара исправање пред предизвикот кој можеби боли, но бара соочување со реалноста за да тргнат работите на подобро. Многу побезболно е да се отстрани со хируршки зафат, но отсуството на болка поради анестезија, ќе оневозможи соочување со реалноста.

И поради тоа ние сме сеуште загубено општество кое неуспешно трага по својот идентитет. Не сакаме да го отстраниме тоа “диво месо”. Како да уживаме да живееме во состојба на пропаѓање. Не на пропаст, затоа што пропаста е дефинитивна состојба, туку на пропаѓање. Постојано и постојано пропаѓање. Во истите дупки. На ист начин. Повторно и повторно. Упорно и тврдоглаво. Притоа, никогаш не извлекуваме никакво искуство.

Неразбирлив е и нашиот протекторатски менталитет на кој му е потребен надворешен газда кој по потреба преминува во непријател. Да се немало желба за свое! Купи ден, помини! Толку ли е тешко еднаш засекогаш да го отстраниме тоа “диво месо” и да кажеме до тука било!? Нека боли, ќе издржиме, ама веќе нема да е дел од нас и нема да не носи во пропаст. Нели е срамно секоја битна одлука да ја донесуваме со туторство како да сме заморчиња!? Нели ви е доста од ненаситните комшии, кои не исмеваат пред белиот свет?!

Секоја подадена рака за спас од страдањето ние успеваме да ја оттурниме. Ние, кои не знаеме ни кој сме, ни што сакаме. Единствено што знаеме е да хејтаме и страдаме. Оние што знаат како, не ги прифаќаме, зошо решенијата кои ни ги нудат не соочуваат со реалноста. Но затоа секогаш сме спремни да ги поддржиме оние кои и понатаму ќе ни овозможат да страдаме, за да можат само тие да се “извлечат”! Можеби уживаме во мазохизмот, но немаме право оваа изопаченост да им ја наметнуваме и на идните генерации!

Напротив, колку и да е болно, под итно мора да се ослободиме од “дивото месо”, што поскоро да заздравиме и да се фатиме за работа со создавање нормално општество за нашите поколенија. Тоа е должност на секој од нас.