CKAНДAЛ: Гpaѓанитe ocтавени нa милocтa на EBН

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ

На тендерот на универзалниот снабдувач за обезбедување на струја за граѓаните за следната година, државната ECМ не даде понуда, дознаваат медиумите од земјава. Тоа значи дека државата нема да произведува струја, а граѓаните остануваат на милоста на дистрибутерот EBН, кој ќе не соголи до гола кожа.

Согласно законот за енергетика, државните електрани имаат обврска да покријат 60 проценти од потребните количини за домаќинствата. Со ова дополнително се проблематизира работата со електрчната енергија, бидејќи сега согласно законот EBН XOУМ (Универзалниот снабдувач) ќе мора потребните количини да ги обезбеди од увоз на струја по рекордно високи цени.

Како за илустрација, државната ECМ досега на EBН XOУМ, струјата за домаќинствата му ја продаваше за 37 евра за мегават час, а сега ќе мора да ја купи за над 200 евра за мегават час. Вообичаено компанијата за да ја држи ниска цената за граѓаните, ја нудеше својата електрична енергија по дампинг цена. Со ова станува се позвесно дека цената за домаќинствата од јанаури ќе се зголеми двојно. Провизиите за набавката на струјата од странство ќе ги плаќаат граѓаните, а во џеб ќе ги ставаат фирми посредници за набавката на струјата од странство.

Инаку тендерот беше распишат на 2 ноември, со намера да се обезбедат договори за навака на струја за домаќинствата за 2022 година согласно законот. За лошата состојба со струјата, неколку пати предупредија и експертите и посочија дека не чека тешка зима. Објектите се стари и дотраени и не може да ги испорачаат потребните количини струја. Поради катастрофалното менаџирање на државните производствени капацитети, ECМ се повлече од понуда од причина што не може да испорача струја, согласно договор. Со тоа, граѓаните ги оставија на цедило и на милост на „странските профитери“ со домашни сокриени сопственици.

Пред неколку дена и Владата прогласи кризна состојба во енергетиката, во времетраење од 30 дена. 65 милиони евра се префрлија на ECМ, но за што точно ќе се користат овие пари се уште не се знае. Веројатно за да има што да се докраде во таа компанија од страна на „битолските банди“. Во меѓувреме и MEПCO ја чека сметката за влечењето на струјата од европската мрежа која се чека да биде најмалку 16 милиони. Очекувањата се дека состојбата со струјата ќе се стабилизира дури во втората половна на 2022 година, кога ќе се заситат од крадење надлежните властодржци. Ако се заситат.