
АПАСИЕВ тресе зелени, еве што напиша
Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев не престанува да ја забавува јавноста, која го чита како буквар за основно образование. Онаа другата јавност „со посебни потреби“ сеуште скока од радост. Имено Димче „у негов стил“ порача дека со еден потег ја кутнале власта. Браво Димче, со тој потег ти отворено покажа дека си подлизурко за власт.
Што напиша болшевичкиот револуционер:
„Со еден политички потег, ги кутнавме оние кои ни ги избркаа родителите од фабриките и кои Македонија ја претворија во башибозук!, напиша Апасиев на својот Фејсбук профил.
И сето тоа убаво, само кутар Димче да знаеше кој се тие што ги избркаа родителите од фабриките! А не знае! Според Димче од шарената револуција, сега веќе „големите партии“ не се исти и злосторнички, туку имало добри и лоши. Ако веќе за Димче има добри досегашни владетели, што го прави различен Димче од останатите крими политичари?
И Левица е дел од новото парламентарно мнозинство кое го најави ВМРО-ДПМНЕ. Димче шарениот веќе клекна под врховната власт на Мицковски. Дали тоа го прави несвесно? Секако не! Тоа е дел од обидот на власта да ја компромитира опозицијата и да спречи пад токму на тие кои ги избркаа родителите од фабриките, или да врати дел од нив на власт!
Димчето едно зборува, друго прави!