
ГРУЕВСКИ на граница, дали се враќа во Македонија
Огромна раздвиженост во лоби структурите на „диктаторската интернационала“ Путин – Ердоган – Орбан. Особено активни се креаторите на т.н. „српски свет“ од соседна Србија на чело со господинот Вучиќ и нивните измеќари од Македонија, Косово, Босна и Црна Гора.
Познавачите на состојбите и аналитичари на балканските прилики коментираат дека причината е стартот на клучните преговори за Косово и донесување на конечното решение. Но тоа решение мора да биде поставено на линијата Сараево – Скопје, односно да се исцртаат новите граници на Србија и нејзиното враќање на чело на Балканскиот сојуз. Отворен Балкан е само дел од тој проект.
Во моментов двајца актери од Македонија се најактивни во таа насока. Поранешните премиер и претседател Груевски и Иванов. Пред само две недели Иванов беше на посета на Истанбул на средба со човекот на Ердоган, задолжен за Балкан. Темата е иста, Македонија во новото решение за Балканот по српски терк. Бугарија веќе ги исполни задачите од Москва и овозможи спроведување на ова сценарио.
Сите случувања се пренесуваат во соседна Србија, а координацијата на акцијата ја презема Вучиќ. Во тој контекст, наводно веќе е закажана координација во рускиот центар за обука во Ниш, на која пристигнал и Груевски. Тој е на само неколку километри од македонската граница.
Добро информирани извори во Белград посочуваат дека 2021 година била година на решавање на Косово, во која Вучиќ ветил потпис на независноста на државата. Тој сега се обидува со поддршка на диктаторската интернационала да го повлече зборот и да ги помине последните два месеци од оваа година, со надеж дека интересот за Косово ќе опадне следната година. Тука особено се мисли на дипломатите на САД, кои се веќе во регионот, а шефот на одделот за Балкан Ескобар веќе влегува во процесот започнувајќи од Босна.
Дали Македонија ќе биде повторно предадена од Македонци? Дали за лични интереси и болни амбиции, Грувески и Иванов веќе служат на ѓаволот, против интересите на својата Татковина? Работите за кратко ќе бидат објавени во јавност.