
ДИРЕКНО Богојески до Димитров: Дечко, многу лесен потпис
Богојески жестоко реагира на катастрофалната надворешна политика предводена од Никола Димитров, која резултира со национална катастрофа за земјава. Богојески дирекно се обрати кон министерот, но и кон граѓаните.
Драги граѓани, многу лесни на потпис овие дечки! Затоа и не им вреди тој нивни потпис!
Потпишаа Договор за пријателство со Бугарија, станавме најголеми непријатели!
Потпишаа Договор со Грција за влез во ЕУ, сега сме најдалеку од ЕУ од кога и да било предходно!
Сега потпишуваат Договори со Србија и Албанија… држетеме за збор, за кратко ќе станеме и со нив најголеми душмани!
Србија со сите сили се обидува да докаже дека ЕУ е мртва, со цел да го куртули својот образ во Косово и да избегне конечно решение… што е легитимно за нив! За таа цел, како главен аргумент наративно ја користеше Македонија!
Од вчера, дечкото со најлесен потпис, на писмено ја вложи Македонија во доказниот материјал дека сепак ЕУ има алтернатива, а тоа е “српски свет”!
За кратко Албанија ќе повлече потпис од оваа глупостија, а Македонија ќе остане на писмено заложник на тој свет… со тоа и веќе во кавга со сите 5 соседи!
Мили Македонци, по промашена надворешна политика не сум сретнал последниве 30 години на светска сцена!
Богојески смета дека Никола Димитров ќе даде „газ за власт“! Според него, соопштението од Белград, потпишано од Димитров е тотално понижување за Македонија, која се зема како заморче за легитимирање на соништата на т.н. „српски свет“, дека ова е врв на анти ЕУ песимистички филмови, на кои може да позавиди дури и Миленко козарот!
Почитувани Македонци, денес Ви напишав, ако продолжи дечково да лечи лични фрустрации на сметка на Македонија, ќе ја изгубиме државноста! Го сменија името за демек ЕУ, а сега со дрва и камења по истата таа ЕУ… која нели им е крива што тие некадарници потпишаа се што им дадоа комшиите!
Со негов потпис се смена името, сега со негов потпис се легитимираат најсочните српски соништа во кои не постои Македонија! Има ли кичма ова човече или само широко газе за фотеља? – прашува Богојески.
Каков крај дечко… брука, дно дна Никола! Пониско и помизерно од имењакот ти во Будимпешта!