КОЛУМНА Томиќ: ЧОВЕК ОД БЕСА ИЛИ ПИШМАН АЏИЈА?!
ЧОВЕК ОД БЕСА ИЛИ ПИШМАН АЏИЈА?!
Пишува м-р Слободан ТОМИЌ, новинар
Секој почеток има и крај. Крајот на Заев се резултатите од вториот круг на локалните избори. Поднесе оставка од функцијата премиер и претседател на партијата. И толку! Народот испорача сметка на 17 и 31 октомври и крај на политичката кариера за се’ што стори Заев против суверенот – електорат!
Меѓутоа со Заев и се’ е можно! Заев најави, ама се’ уште не поднел оставка! И прашање е кога тоа ќе се случи. Настрана харизматичната Маргарет Тачер која во 1990 година поднесе оставка и на највисоката партиска функција и на премиерската. И Ангела Меркел после 16 години успешно раководење со германската и светската политика рече: Доста е! И замина!
Заев во кампањата пред првиот круг на локалните избори со народот играше на All-In, после поразот прејде на Game changed, ама народот на вториот круг на локалните избори пресуди Game over! Играта заврши. Едноставно, за Зоран Заев играта “северна“ заврши.
Народот вели нека е забавено, ама да не е заборавено. За очекување беше народната реакција при промената на семакедонското шеснаесет – зрачно златно – жолто сонце на црвена основа во 1995 година, ама брзо стана жртва на општествената транзиција. Народот не го заборава ни Андов кој не се најде на бината пред народот на плоштадот за прослава на народната победа на референдумот “за суверена и самостојна држава Македонија“, замина за Грција преку граничниот премин Дојран-Дојрани.
Народот не ја заборава и изјавата на Глигоров “Ние сме словени дојдени по шестиот век од нашата ера, за да не не поистоветат со Срби или Бугари, се нарековме Македонци. Не сакаме да го присвоиме Александар Македонски! Овие траги–комечни сцени ги памети народот, ја памети и изјавата на Заев дека живи луѓе ќе јаде и изеде и закопа многумина. И затоа народот врати!
Заев ја одигра улогата заради која беше туѓа марионета, ја одигра својата улога, направи катастрофални штети на државата Македонија, на Македонскиот народ, на голем број граѓани. А, свежи се сеќавањата, владееше со слоганот: “Ако не си со нас, си против нас!“ Е токму затоа, народе отрезнете се и разбудетете се! Обидинете се за Ваше добро и доброто на Вашите. Ахмети покажа како се задржува власта во Кичево!
Кога станавме полноправна членка на НАТО, се сеќавате кој не’ преставуваше во Брисел? Само Али Ахмети! Од друга страна, интересна е изјавата на д-р Арбен Таравари, победни
Градоначалникот на Гостивар д-р Арбен Таравари за оставката на Зоран Заев вели дека премиерот е “во клиничка смрт“ и дека треба да замине, иако и тој самиот во почетокот имал голема доверба во него. Тој додава дека ДУИ е криминализирана партија како вирус ги криминализира другите партии. Но, така беше и со ВМРО-ДПМНЕ, така излезе и со СДСМ. На овие избори се гласаше против Али Ахмети и Зоран Заев.
Надежно е дека Заев ќе си достои на зборот, иако не првпат излажал. Оставката излезе дека не е оставка, туку најава на оставка, а кога ќе ја поднесе, здравје. Во врска со опцијата за создавање ново парламентарно мнозинство Таравари вели дека постојат две опции: да има техничка проширена влада што поскоро ќе организира избори, оти актуелната марионетска има скромно мнозинство, а тенденцијата на опозицијата е да ја преземе власта.
Втората опција е да има ново парламентарно мнозинство. Немаме бројки, но имаме разговори оти има многу кои се разочарани од владеењето на Заев и Ахмети, вели Таравари. Најавата за оставка на Заев, пак, можеби е маневар:
(1) Да се опипа пулсот кај челнството на СДСМ после повикот на Црвенковски, дека го замрзнува своето членство за некоја година, да се види кој е “газдата“ во СДСМ.
Дали Папата или човекот од Муртино?
(2) Кој има поголем авторитет во меѓународната заедница во моментов?
(3) Како ќе реагираат соседите Грција за
(4) Како ќе се справи локалната власт со хаосот во централната власт?
(5) Што значи да се справи Македонија во оваа пандемиска, енергетска и политичка криза?
Едно е јасно, САД и ЕУ упатија порака, дека очекуваат реформи во Македонија, а за тоа под итно треба да се случат реформи во менталните чипови кај сите политичари, особено и сериозно да се разбере пораката на Комисијата за антикорупциија, дека секој избран политичар мора да предате изјава за имотната состојба! Исто така време е да си заминат сите политиканти кои се издишени балони и време е да застанат нови ликови во политиката како што ВМРО-ДПМНЕ и други партии го сторија тоа!
После локалните и оставката на Заев од премиерската функција сите се во очекување на предвремени избори со здрава и стабилна влада. Се разбира, наивно е да веруваме дека ќе се случи почеток на преговорите со ЕУ. Брионскиот самит ја потврди таа дилема. Во наредните 30 години тешко од европската интерграција.
Реформите налагаат владеење на правото, борба против огранизираниот криминал за нулта толеранција корупцијата, слобода на медиумите, човековите права, економска развојна политика во наредните 10 години, и секако да не се заборави департизацијата на институциите и судските власти. Потребна ни е декриминализација и конфискација!
Останува дамолковиот меч да виси над сите нас: Дали Заев ќе биде човек од беса или пишман аџија?