ШИЛEГOB: Еве за што го обвинува Зaeв

Изјави

Градоначалникот во заминување Петре Шилегов, прстот за неуспехот на изборите го насочува кон Заев. Вината за поразот ја посочувал кон Заев, а себе си во целост се амнестира.

Наводно Петре имал амбиција да се прикаже како лидер на скопското крило на CДCM со амбиција за новото раководство на партијата. Радмила Шеќеринска наводно сметал Шилегов, има амбиции и капацитет за премиер и преземање на партијата. Со тоа, како што велат тие вистински би се обединила CДCM, но од друга страна Заев како што дознаваме „игра“ со името на Сања Лукаревска. Но апетите за преземање на CДCM имал и Бранко Црвенковски.

„Се чувствува веќе тенденцијата по заминувањето на Заев дека има пројавено амбции неколку групации кои беа досега незадоволни од начинот на кој CДCM ја водеше политиката од Преспанскиот договор, па до денеска. Мислам дека ја препознавате една групација што ја предводи поранешниот претседател на CДCM, поранешен претседател и премиер на државата Бранко Црвенковски не го криеше тоа“, истакна Владо Бучковски.