Првата железничка пруга во Македонија

Lifestyle, Дали Знаете, Македонија

Првата железничка пруга со која бил воведен железничкиот сообраќај во Македонија била пуштена на 9 август 1873 година.Со ставање во функција на линијата Солун – Скопје. Истата во 1874 година била продолжена до Косовска Митровица, а во 1888 година во употреба била линијата Белград – Скопје – Солун.

Железничка станица која постоела од 1873 до 1937 година била подигната на локацијата каде денес се наоѓа Музејот на град Скопје. Во 1931 година заради унапредување на железничкиот сообраќај, Банската управа спровела конкурс за изградба на нова зграда на железничката станица.

Старата железничка станица во Скопје почнала да се гради во 1937 година.Според проектите на архитектот Велимир Гавриловиќ кој работел во Проектантското биро на Генералната дирекција на железницата во Белград. Истата била пуштена во употреба во 1940 година. Истата била сметана за една од најубавите железнички станици на Балканот во тоа време.

Според податоците во период од 24 часа влегувале 24 возови, а тука минувал и прочуениот „Ориент експрес“. Просечно дневно пристигнувале околу 1000 патници. Но за време на земјотресот од 1963 година, објектот во голем дел бил разурнат. Зачуваниот дел е претворен во Музеј на градот Скопје.