Македонија на Олимписки игри !

Македонија, Спорт

Дејан Георгиевски со победа над актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азербејџан резултат 13:6 обезбеди историска олимписка норма.

Денес Дарко Костовски објави: “Денеска е ден на Македонското знаме! Почитувани, со посебно задоволство сакам да ве известам дека нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на олимписките игри во Токио“

Тој ќе биде нашиот знаменосец на нашиот тим на ЛОИ кои се закажани од 23. јули до 8. август.
Георгиевски е вториот Македонец кој обезбеди олимписка норма. Претходно тоа го направи борачот Могамедгаџи Нуров.