СКАНДАЛ: Каракамишева против Мицковски

Изјави

Така наречената универзитетската професорка Тања Каракамишева од УКИМ на својот фејсбук-профил објави позиции кои дирекно се косат со оние на новите политики на Мицковски. Односно Каракамишева дирекно ги побива политиките за обединување и помирување на граѓаните во име на новата иднина.

Таа посочува дека не смеат да се заборават злоделата што ги направиле сите членови на актуелната влада. Таа најавува дека следува време во кое секој од нив ќе треба да соочи со одговорноста, а оставката не смее да биде претпоставка за амнестија.

„Оставка не значи неодговорност. Нема никогаш да заборавиме што ни правеа! Нè малтретираа со лажни кривични пријави, ни пуштаа полицајци дома како да сме најголеми криминалци, ни крадеа по домовите, не прислушуваа, нè следеа, ни се закануваа и ред други гнасни фашистички злодела. Сето тоа беше нивна нарачка, сето тоа имаше цел – да нè исплашат, да нè обесхрабрат! Доаѓа време на одговорност!!!“,

пишува Каракамишева.

Заканите за преземање на правдата во свои раце кон неистомислениците не само што се косат со ветуваните политики на опозицијата во чие име зборува Каракамишева, туку се и против уставните принципи, од страна на професор кој предава уставно право.

Таа бара од опозицијата денеска да биде максимално будна и фокусирана на чл. 219 од Деловникот за работа на Собранието. бидејќи оставката на Заев мора да биде поднесена во писмена форма до спикерот на парламентот.

„Ајде твитер-заедницо, максимален притисок да ја видиме писмената оставка на Заев во Собрание! Денеска!!“, напишала таа на својот налог на оваа социјална мрежа.

Без разлика на желбата да се прикаже триумфализам од страна на екстремистички групи и антидржавни елементи во опозицијата, сепак да се зборува во име на новата иднина, а да се служиш со закани и најави за вонинституционална правда е далеку од нова иднина на Македонија.