
МАЕСТРАЛНО ДОБРО УТРО од аматерката со бачилото и сирењето
Какво бачило-такво сирење!
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
И после сите предупредувања од граѓаните до последен момент Зоки и другарите не ги извадија розевите очила. Иако беа предупредени од многу чинители кои му овозможија власт, сепак одлучија да продолжат тврдоглаво до крај. Резултатот очекуван.
Од таквата реформирана СДСM и не се очекуваше нешто подобро. Ваквиот однос докажува дека личните интереси ги ставија пред државните. Навидум оставката на Зоки изгледа како позитивен и морален чин ама во суштина е предавство на своите „прогресивни“ другари. Доколку беше искрен во своите намери за прогресивност, немаше да дозволи да ги „потоне“ сите заедно со него.
Напротив, требаше да стори се’ за да им докажи на граѓаните дека има чесни намери. Но сепак избра да ги штити само своите интереси. Дозволи дискриминација по сите основи, дозволи неговите функционери да бидат препознатливи по ароганцијата, дозволи аматеризам. Но, не дозволи демократија ниту во своите редови ниту во државата.
Додека граѓаните и сопартијците се надеваа дека неговата понудата е поразлична од „режимот“ го поддржуваа. Таа поддршка ја искористи само за приватизација на партијата и личен бенeфит на неколку функционери. Неговото поведение ја донесе државата на прагот на енергетска и финансиска криза, па си даде оставка.
Лагите за ЕУ испарија, а НАТО агендата му ја присвои „кума лиса“- Рада како свој успех. Од денешен аспект гледано, ништо од ова не му било вистински приоритет. И повторно ја превзеде одговорноста на губитничкиот тим кој сам си го состави и нанесе големи штети на граѓаните.
Живи луѓе изгореа тој Филипче не го даде! Дебакл на избори, тој повторно не бара одговорност! Што е тоа што толку многу го „врзува“ со овие ликови кои се непроменливи!? Државен интерес не е сигурно, тоа го осетија граѓаните. Партиски ни најмалку, бидејќи еден од нив ќе биде негова продолжена рака во иднина. Но, „какво бачило-такво сирење“!