HAJНОВO: Oткpиeн тajниoт дoговop Зaeв – Axмeти

Македонија

Поради слабите изборни резултати на локалните избори, особено во Cкопje, пpeмиеpoт Зaeв нajaви ocтавкa. На тоа веднаш реплицираше лидерот на ДУИ, Axмeти кој кажа дека не може Зaeв да дава такви изјави, бидејќи тие имаат договор, кој мора да биде исполнет. Во јавност веќе протече на што тоа мислел Axмeти и кој е договорот помеѓу нив.

Договорот бил Зaeв да стане премиер со поддршка на ДУИ, но под два услови. Првиот услов е да има „прв вицепремиер“ Албанец со право на вето на одлуките на Зaeв, а вториот Axмeти да биде избран за претседател на Македонија. На сите ни е јасно дека првиот услов е исполнет, Apтан Гpyби е тој прв вицепремиер со „лиценца да убива“, а Зaeв мора да слуша. Колку скапо Македонија ја плати „слободата“ на Зaeв.

Вториот дел од договорот имаше обид да се исполни при промена на Уставот на Македонија со цел промена на уставното име на земјава. Тогаш ДУИ се обиде да вметне измена на начинот на избор на претседател во Парламентот со просто мнозинство и право на бадентерово мнозинство, со други зборови, на место на Пендаровски веќе ќе беше избран Ахмети, а Заев ќе ги исполнеше двата услови.

Но поради превисоките тензии за промена на името Македонија, странскиот фактор во таа игра не им дозволи на ДУИ да си ги реализираат нивните желби, иако Заев беше подготвен да ја вметне и таа измена. Поради тоа, Ахмети не стана претседател, но потенцираше дека обврската на Заев останува и не може да се повлече од истата.

Кампањата на ДУИ на Парламентарните избори „Псе јо“ за Албанец премиер на Македонија, беше само игра да го потсетат Заев на вистинската обврска Албанец претседател на Македонија. Тоа го потврдува и самиот Ахмети кој изјавува:

„Не сакам функции. Ова не е моја идеја, но британски професор во анализа од 2001 година напиша дека Ахмети ќе стави крај на политичката кариера како претседател на државата“, рече Ахмети.

Но стратегијата на ДУИ се менува. Тие сега планираат Албанецот претседател да биде избран од граѓаните на непосредни избори. Невладиниот сектор го подготвува теренот за ова, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети, објаснувајќи ја последната „бомба“ што ја фрли во екот на изборната кампања: претседателската функција е последната бариера за рушење на меѓуетничките бариери во македонското општество.

„Важно е предлогот за Албанец претседател на државата да биде граѓанска иницијатива и да биде поддржан од сите граѓани без разлика на етничката припадност. Мразот го скршивме кога на последните претседателски избори не излеговме со нашиот кандидат, туку се залагавме за кандидатурата на Стево Пендаровски и ДУИ и јас лично водевме кампања за победа“, вели Ахмети.

Сите барања на ДУИ за шеф на држава, за премиер, за претседател на Собранието, за министри за одбрана, за полиција, за финансии и други, како што беа наведени целите на ДУИ на конгресот на „интегративците“ во 2009 година, се веќе реализирани освен премиерот. Според нив, тоа е постигнато со фактот дека во последните 100 дена од мандатот на актуелната Влада, наместо Зоран Заев, ќе биде Албанец премиер.

„Многу е важно да се скрши тој табу, да се урне митот дека Албанец не може да биде претседател на земјата. Граѓанскиот сектор, интелектуалците и социјалните работници треба да ја отворат темата. Време е да почнеме да зборуваме за ова и кога ќе се реализира ќе видиме“, рече лидерот на ДУИ.

Ахмети зажали што наместо како што тој сакал Албанец претседател да биде избран во Собранието, сега со помош на граѓанскиот сектор сака претседателот да биде избран на непосредни избори. Запрашан што го натера да размислува за промена на концептот за избори, Ахмети рече:

„Немам поддршка од македонските партии. Немам поддршка во Собранието за промена на Уставот во делот на избор на претседател на државата. Но, јас се одлучив за ова дури и по сугестии од меѓународната заедница“, призна Ахмети.

Тој вели дека му е сугерирано дека доколку спроведувањето на предлогот помине во Собрание, тоа би значело назадување на демократијата. Ахмети нагласува дека за него и за ДУИ не е толку важна функцијата претседател, бидејќи е репрезентативна и симболична, колку е важно да се пробие таа бариера. А, за да ги увери граѓаните дека ништо лошо нема да се случи, тој како пример ги наведува своите кадри кои досега биле или се градоначалници, министри и други функционери.

„Дали имало меѓуетничка пресметка додека Фатмир Дехари е градоначалник на Кичево два мандати? Не. Имаме успешни министри за надворешни работи, финансии и економија, како и претседател на Парламентот“, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ вели дека е рано да се каже дали ќе одат со партиски или натпартиски кандидат, а на прашањето дали ја сака функцијата, тој одговара:
„Не сакам функции. Ова не е моја идеја, но британски професор во анализа од 2001 година напиша дека Ахмети ќе стави крај на политичката кариера како претседател на државата“, рече Ахмети.