НАСЛЕДНИКОТ на Заев ќе биде овој човек

Политика

После оставката на Зоран Заев од претседател на СДСМ и претседател на Владата, се спроведува од напред замислено сценарио.

Додека ДУИ објаснуваат дека наводно првиот вицепремиер Артан Груби станал премиер и ги исполни вековните ослободителни стремежи на Албанците за Албанец премиер, во позадина веќе се подготвува избор на новиот премиер. Тоа ќе биде досегашниот вицепремиер и генерален секретар на СДСМ Љупче Николовски, како еден од најлојалните кадри на Заев.

Во партијата СДСМ Заев ќе го наследи заменик претседателот Сања Лукаревска, жена без никаков стаж и репутација во партијата, личен избор на Заев и најблизок извршител во Управата за јавни приходи.

На овој начин пред очите на јавноста наводно си заминал Заев, а во суштина останува од зад сцената да управува со партијата и државата до евентуалната нова победа на следните парламентарни избори кои сигурно ќе се одржат на пролет 2022 година.