ДОБPO УТPO oд аматepката сo лaга нe бидyвa aгa

Добро утро

Со лага не бидува ага!

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Лагата е она што се спротивставува на вистината. Лагата им стана секојдневие на граѓаните слушајќи ги изјавите на власта што ја прикриваат или погрешно ја претставуваат реалноста. Некогаш тоа го прават делумно, а почесто апсолутно. Со оглед на тоа што многу често ја користат, граѓаните не веруваат веќе ниту на вистината. Тоа е всушност довербата.

Граѓаните се сведоци на недостигот на кохерентност помеѓу кажаното и дејствијата. Граѓаните ја живеат реалноста и секое воочување на истата наспроти искажаната лага, кај нив предизвикува револт и гнев. А секое повторување на истата лага дополнително ги навредува.

Иако Филипчe и Милa ги сокрија од јавност, последиците и штетите кои ги направија се сеуште присутни. Ниту живи изгорените ги заборавија, ниту се лечат во нов клинички центар. Фрустрациите на Милa сеуште се спроведуваат преку послушните нејзини кадри предизвикувајќи хаос во образованието.

Зaeвото EУ и едно општество за сите одамна се класифицирани како ЛAГA. А изјавата „живот за сите“ засега е најголемата апсолутна лага која ја изусти првиот помеѓу еднаквите лажго. Со лагата успеваат да “заслепат” еден дел од граѓаните и да ги натераат да живеат во имагинарен свет. Еден дел се прават дека им веруваат, бидејќи така им е поудобно. За среќа, поголем дел се свесни дека се излажани.

Некои гласно им кажуваат, а некои тоа молкум го прават. Овие вториве секогаш одлучуваат како понатаму. Така и денес, молкум ќе им порачаат СO ЛAГA НE БИДУВA AГА!