КРАЛИЦАТА Елизабета Втора продолжува по старо

Живот

Британската кралица Елизабета Втора, на која лекарите и препорачаа да мирува најмалку две недели, е во многу добра форма, изјави денеска премиерот Борис Џонсон.

Разговарав со неа и таа е во многу добра состојба – изјави Џонсон во интервју за британската телевизија Канал 4, уверувајќи дека кралицата, која има 95 години, е добро.

Британскиот премиер порача дека Елизабета Втора треба само да ги слуша советите на лекарот и да се одмори.

Кралицата, која неодамна помина една ноќ во болница, може да извршува „полесни работи“, вклучително и видео повици, но во тој период мора да се откаже од какви било службени активности.

Бакингемската палата претходно објави дека кралицата нема да присуствува на отворањето на светскиот самит за климата што ќе се одржи утре во Глазгов.

Елизабета Втора, чиј сопруг, принцот Филип, почина во април на 100-годишна возраст, неодамна беше видена како оди со бастун, за прв пат од 2004 година.