СКАНДАЛ: Ахмети со национал – шовинистичка изјава

Изјави

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, со специјална порака до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да го заборави Кичево бидејќи нема што да бара таму.

– Ќе му пратам само една порака на Мицкоски, нека го заборави Кичево, Кичево е наше. Фатмир Дехари ќе биде нов градоначалник, рече Ахмети.

Според Ахмети коалицирањето на Алијанса за Албанците и Алтернатива со ВМРО-ДПМНЕ значи дека Албанци ќе треба да гласаат против Албанци.

-Тоа е брак без никаква основа. Немаат концепт. Таа соработка нема иднина. Тоа е брак само за една употреба. Оваа коалиција ваква каква што е, каде Албанците гласаат против Албанци во Кичево, и на крај мислам дека ова ќе го пишува и во учебниците по историја, додаде Ахмети

После период од 20 години, после имплементација на сите негови желби, со оваа изјава Ахмети покажа дека никогаш нема да излезе од национал шовинистичкиот филм и некогаш нема да работи на создавање на граѓанска држава.