Бългapcко ДОБPO УТPO од аматepката сo малкo Бългapин
Maлко Бългаpин
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
Во последните денови од капањата, власта се обидува да ги врати граѓаните во минатото. Поточно, кампањата е идентична со онаа во 2013 кога ветуваа дислокација на споменици и добрососетски односи. Исто како и тогаш, и сега зборуваат за жалните врби, галиите, спомениците и проектот “2o14”. Арно ама, сега сме 2021 година, а тоа беа ветувања кои требаше да ги испорачаат претходно, бидејќи власта во Центар беше во нивни раце изминативе 8 години!
Самите се сплеткаа во мрежата која ја исплетија. Ами, граѓаните немаат деменција па да заборават толку брзо дека во 2013 жестоко се бореа да донесат на власт внук на бугарски кмет. Тогаш не им пречеше на скопјани за “кмет” да го изберат внукот на Кирил Жерновски кој за време на „Българското управление във Вардарска Македония (1941-1944)“ бил заменик-градоначалник на Скопје во периодот од јули 1941 до почетокот на 1943 година.
Напротив, скопјани беа упорни во намерата за промена на тогашната власт и Жерновски оствари победа со околу 3 илјади гласови разлика. Ова требаше да им биде поука и да разберат дека со ваков тип на кампања и притисоци можат само да си ја зголемат губитничката разлика во гласови. Ако тогаш немале проблем со “кметот”, зошто денес би било пресудно бугарсково државјанство?!
До толку ги потценуваат граѓаните што мислат дека со еден пасош ќе им го отргнат вниманието од сите нереализирани проекти кои им ги ветија. Па уште ги потсетуваат на спомениците кои од денешен аспект и не се некој голем проблем. Граѓаните чекаа 8 години да ги дислоцираат.
Бидејќи беа брутално прелажани, одлучија дислоцирани да бидат тие од владините фотељи. Довербата ја изгубија кога граѓаните сфатија дека спомениците се најмалиот проблем со кој се соочуваат.