
КОЛУМНА Томиќ: АВТОРИТЕТИТЕ СЕ ДОКАЖУВААТ СО ДЕЛА, А НЕ НА ИЗБОРИ!
АВТОРИТЕТИТЕ СЕ ДОКАЖУВААТ СО ДЕЛА, А НЕ НА ИЗБОРИ!
Пишува Слободан ТОМИЌ, новинар
За време на изборната трка, покрај афирмативна, помеѓу партиите се води и црна кампања. Тогаш партиите не велат само што би било кога би биле, туку и зошто тие а не другите. И не се избираат средства да се постигне целта: Власта!
Се презаситивме од избори и кампањи, некои велат: Доста е! Ама, пак, и после се’ и покрај се’, не е сеедно дали ќе седите дома или ќе одите до избирачкото место да го дадете својот глас, бидејќи од Вашиот глас зависи судбината на Вашите внуци!
Ако се сетите дека некои од ништо, во триесетгодишната транзиција станаа милионери и повторно меѓу првите се во борбата за власт, а вие не може да составите крај со крај од први до триесет и први, тогаш вината барајте ја во вас! Вие со Вашата апстиненција, седејќи дома за време на избори ги создавате транзициските милионери! Да, мои Македонци по род и државјанство, за сето ова вината барајте ја секогаш во Вас самите!
Оваа, колумна е еден сублимат од сите реакции, и негодувања на народот. Сите ставови, оценки, критики, укажувања се лично од народот до политичарите кои ја посакуваат власта и авторитетот на народот. Затоа, и насловот на колумната е дефиниран за и околу авториритети наспроти „авторитети“ во локалната власт.
Локалниве избори наметнуваат и една друга дилема. Дали доколку Заев ги изгуби локалните избори ја губи и Владата? Се руши ли кулата на марионетската влада на Заев?
Несомнено дека има многу клиенти, навикнати на провизии за владина поддршка. Но, има ли шанса да ставиме крај на овој амбис без дно, да добиеме право на избор на достојни политичари со интегритет и образ, чесни и искрени, да го поведат овој народ во пристоен живот за сите?
Потребни ни се народни авторитети кои не се купуваат. А, таквите не се создаваат, тие се раѓаат. Ги има, само малку да ги окуражиме, за жртви да не бидеме на мафија која сите не владее. Се разбира, не може секој да биде лидер. Лидерот е магнет за народот, него го препознаваат сите. Има секакви авторитети.
Пред било каков предизвик и искушение, најважно е да го победите стравот. И пред локалниве избори, најважно е да се победи стравот поради притисокот од власта во убедувањето и разубедувањето за гласот: Кому довербата на 31-ви?!
Авторитет е проф.д–р Ванчо Ѓорѓиев кој демонстративно и без двоумење ја напушти македонско – бугарската меѓувладина комисија за ревизија на македонската историја. И не случајно членовите на комисијата со став и оценка: “Работиме под политички притисок, се носат штетни одлуки за државата и нацијата!“ Да, тоа се авторитети!
На 31 октомври е вториот круг од локалните избори, доизбираме градоначалници и советници, кои го уредуваат животот во општините. Има кандидати стари ликови со минат труд, кандидати стари ликови без никаков резултат и кандидати нови ликови кои даваат надеж за ред и мир во општините со услови за живот и работа.
Секако треба да се поддржи кандидатурата на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски, за победа во вториот круг, да го врати сјајот и редот на Карпош, која е во вистински урбан хаос.
Авторитет кој заслужува доверба е и проф.д-р Никола Пановски, кој заедно со проф.д-р Драган Данаиловски создадоа верба и авторитет кај народот. Зошто и двајцата или Никола Пановски не се кандидираа за градоначалник на некоја од скопските општини? Тоа се ликови кои со својата харизма, сериозност и зрелост влеваат авторитет кај народот.
Не може да се суспендира фактот, а тој е реалност и аргумент плус кога станува збор за авторитет за почит. Незанемарлив е авторитетот на проф.д-р Сашко Јовев, кардиохирург за успешните шест трансплатации на срце од починат донар. Кардиохирургот Сашко Јовев е добитник на наградата за животно дело на општина Велес “Гемиџии”! Е, ова се авторитети, наспроти некои кои народот не сака да ги види и смисли, а се однесува на здравството и придонесот за човековото здравје!
Сите, спомнати како Авторитети, а кои не се ставени на листите за кандидати за градоначалници, доколку беа ставени на предлог листите, дефинитивно ќе победеа уште во првиот круг и тоа со 100%, затоа што народот ги почитува, сака и наградува!
“РУСКИ РУЛЕТ ВЛАДИНА КОАЛИЦИЈА„
Суетата или фалбата се “рѓа“ или кралица на гревот. За жал, многу политиканти се обвиткани со оваа “рѓа“ и никако да се ослободат, народот ги отфрла и не ги чувствува за авторитети. Избирачите порачуваат и упатуваат апел до сите партии, кои не се од власта и до неопределените, да ја дадат поддршката за вистинскиот градоначалник!
Авторитет наспроти “авторитети“ секако е и двојката Данела Арсовска – Петре Шилегов. Имаме два концепта, концепт на ароганција и суетност, наспроти концепт на позитивна енергија и реализација! Данела е мајка, сопруга и бизнисмен, а сите овие атрибути ја прават да биде достојна Мајка на Градот!
Нели, гласачкото ливче е посилно од куршумот! Затоа, не плаеште се, излезете и со кренато чело гласајте. Нема место за страв. Криминалците треба да се плашат од вас, не вие од нив! Вие сте тие кои криминалците треба да ги избришете еднаш за секогаш од политичката карта и да им забраните засекогаш да се занимават со јавна работа, особено не со политика! Само тогаш во Македонија силно ќе светне ден!
Каков парадокс, во изборна рекламна порака на СДСМ оди инструментална музика од познатата “А бре, Македонче, каде се спремаш?!“ Повторно во деминутив се деградира големината на Македонецот во “македонче“. Ама, во оваа македонска народна песна стои и стихот “македонско име нема да загине“, кое Заев го сотре, негодува НАРОДОТ!
Малку за и околу албанскиот политички кампус во Македонија и локалните избори 2021, и реакциите на аналитичарите на македонските Албанци:
Интересна битка се води и во Тетово меѓу Теута Арифи, актуелната градоначалничка која трча по третиот мандат и лидерот на Беса, Билал Касами. Тетово, градот под Шара, стана синоним за најзагадена општина окупирана со дивоградби, општина во која се брани и освојува албанскиот авторитет на политичари и политички партии и каде што секогаш се крши победникот во албанскиот кампус. Тетово важи за бастион на Али Ахмети и ДУИ, но и општина во која поразот на интегративците никогаш не бил поблизу.
Заев пресече: СДСМ не дава поддршка ниту на Теута Арифи, ниту на Билал Касами. Дали тоа ќе го чини премиерската фотелја во Владата за брзо ќе покаже времето. Што тоа ќе значи за ДУИ доколку Арифи го изгуби Тетово, а што за Беса на Касами во оваа “руски рулет“ владина коалиција, на која и’ е најавено ново парламентарно мнозинство!
Да го слушнеме и Гласот на народот кај албанскиот електорат во Македонија. Ова се негодувањата, укажувањата и пораките, на македонските Албанци, за престојните локални избори 2021.
НАРОДОТ НЕ Е „ОПАСНОСТ“, НАРОДОТ Е СИЛА И МОЌТА НА ДРЖАВАТА!
Над глава на кандидатите за градоначалник на Тетово им виси и трагедијата во модуларната болница како клучна за конечниот изборен резултат? Изгореа 14 живи луѓе! Како до вода за пиење 24 часа на ден, како до општина без долгови, општина без смет и сообраќаен хаос? Направи ли Арифи доволно, како што таа се фали, и може ли Касами повеќе како што најавува?
Авторитети наспроти “авторитети“, е еднакво на мермер и воздух или “магла“. А, како се станува авторитет во семејството, друштвото, работата, партијата или државата? Секако не со лигавење, лажење или полтронство, туку стамено, цврсто, чесно и искрено кон сите во семејството, другарите, колегите, членството, народот!
Конечно, авторитетите си остануваат авторитети. Пораката до младите и новите ликови во политиката кои на овие избори добија мандат во првиот круг на 17 октомври и кои ќе се накитат со победа во вториот круг од локалните избори на 31 октомври е: Ставете крај на ароганцијата, арамилакот и политиканството, кои 30 години се со нас! Вратете ја довербата во локалната власт, за граѓаните да имаат пристоен живот, ред и мир во својот дом. Во спротивно епилогот е крај на мандатот и продлабочување на недовербата: Никогаш повеќе во власта!
Гласовите на ЛДП, ДОМ, Петровска, независните, не се гласови ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ! Тие гласови припаѓаат на авторитетот – НАРОДОТ! Со вашиот легитимен глас ставете крај на јавачите на апокалипсата и криминалот! Вратете ја довербата и слободата на граѓаните, на НАРОДОТ! Нека победат авторитетите, наспроти лажните “авторитети“!
Народот е силата и моќта на една држава. Не смее да се навредува и омаловажува народот со зло ако не гласа за тебе. Народот тоа не го заборава. Ниту “шарените“ од оркестрираната”шарена револуција“ не заборавија на ветеното и обврските на Зоран Заев кон нив. Народот не заборава и за необезбедените вакцини, НЕ ги заборава ниту човекољубието и хуманоста на српскиот претседател Александар Вучиќ кој донесе 5000 вакцини за имунизација на Македонскиот народ! Народот нема да опрости и упатува апел да не се поигрува некој со неговото здравје, доколку енергетскиот колапс си го направи своето и Македонија ја остави во темнина, поради необезбедените количини на јаглен! Народот порачува да се освести власта, бидејќи завршува мандатот!
Крајно, некои луѓе може да се лажат некое време, ама сите луѓе не може да се лажат цело време, затоа што народот виде се’! Народот никогаш не греши, народот секогаш е во право!