БPAНИТЕЛCKO добpo утpo од аматepката сo адвокaтoт Зoки

Добро утро

Aдвoкaт или бpaнитeл?

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Во отсуство на добра стратегија, сериозен и пред се професионален пристап, неизбежно следува проблем. Владините “пауни” повторно нешто утнале. Стратегијата е план на дејствување направен за да се постигне специфична цел, а не да служи како документ кој ради-реда е донесен заради запазување на законски норми. Од ваквиот непрофесионален однос од кадрите (некадарни пауни) на власта ни следи енергетска кризна состојба.

Периодов често се споменуваат сите чинители поврзани со енергетиката, а заради дефокусирање на јавноста од вистинскиот причинител, кој е виновен за кризата која следува. Очигледно не сакаат предизборно да бидат поврзани со не така пријатниот збор KPИЗА. Ама кризата е веќе присутна, а Владата е одговорна за тоа.

Кога на граѓаните не им е обезбедена сигурност во снабдувањето со соодветен вид на енергија, што е тоа?! Ако еден од условите за сигурност е постигнување на рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на електрична енергија, што е ако не криза?! “Одлична” енергетска политика на заевата влада, нема што!

Никој не зборува што напишале (или препишале) во Стратегијата за развој на енергетиката?! Владините експерти ја предвиделе ли кризата со електрична енергија? Имаат ли решение или Господ нека им е на помош на граѓаните?! Значи тапа сте! Не постои ресор што не го утнавте! Зoки се “расфрла” со нереални ветувања за плати и “најдобри” кадри, а око не му трепнува за тоа што следи.

“Купи ден помини” е работава! Денес да помине денов, па од утре ќе му ја мислиме! Мандатот на Зoки му помина во улога на адвокат на своите министри наместо бранител на своите граѓани. Кога требаше да ги заштити граѓаните од Филипчe тој застана во негова oдбрана. Сезнajката Mилa го фасцинирала до безкрај, па повторно нема слух за граѓаните. Заслепен од блесокот на Oливep не ги приметува коалициониве министри и така стигнавме до каде што сме – до енергетска криза која знаеме што ќе поттикне во иднина.