
ДАВЕНИЧКО добро утро од аматерката со сламката на Зоки
Еурека! Еурека!
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
Еурека! Еурека! Извика Зоки после големото откритие кое со брзина на светлината се прошири во јавноста. Откритието спектакуларно го најавија и неговите другари и другарки на посебна прес конференција, мислиш откриле извори на нафта на македонсково тло.
Два дена мафтаат со некој документ обидувајќи се да и појаснат на јавноста дека тоа е всушност доказ за бугарско државјанство! И токму ова откритие треба да му обезбеди победа на Петре на 31-ви !? Зарем до тука е дојдена работава со него? Но, интересен е моментот што тенденцијата на Зоки е да докаже дека тоа е голем грев. Се обидува да објасни дека тоа е црна дамка на личноста и инсистира ова откритие да биде пресудно при изборот на градоначалник на Град Скопје.
Но и овој пат Зоки ја утна приказната. На толку изустени лаги до сега и за оваа никој “кусур” немаше да му фати ако беше кажана спонтано, онака во негов стил. Но, сакајќи да навреди и дискредитира една личност си “налепи” уште 100.000 такви кои реално имаат бугарски државјанства. Дали ќе му помогне или одмогне на Петре ќе видиме за многу кратко.
Додека Петре со помош на Зоки ги брка гласачите, Дехари со помош на Али веќе организира 40 авиони и 100-тина автобуси за да донесе 5000 гласачи од тие со двојно државјанство и да си обезбеди трет мандат! Зоки ем знае дека нема што да донесе, ем и тие што се тука му ги брка на Петре! На самиот крај на кампањата потврдија дека “давеник и за сламка се фаќа”, па простено нека им биде!