Антикopyпциcко ДОБPO УТPO од аматepката со peaктивност на политичapите

Добро утро

Антикорупциска реактивност

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Само со еден збор антикорупционерите ја опишаа реалната желба на властите за справување со корупцијата во државата. Со оглед на ингеренциите кои законски им се пропишани, антикорупционерите неможат да се „справат“ со корупцијата доколку институциите не се „расположени“ за соработка.

Институциите кои се под водство на власта не се проактивни, односно немаат проактивен став во однос на вистинска борба против корупцијата. Знаејќи дека проактивноста се однесува на став присутен кај некои луѓе, кои не дозволуваат тешки ситуации да ги надминат, повеќе од јасно е што сакаа да ни соопштат антикорупционерите.

Но, проактивноста не е ограничена на донесување одлуки или започнување на проект. Проактивноста исто така значи и грижа за нешто што мора да се стори за да се реализираат целите и да се бара како, каде и зошто. Во превод тоа би значело дека не е доволна само предизборната иницијатива на власта за донесување на законски решенија за борба против корупцијата, туку потребен е пред се искрен пристап и желба за реализација.

Вистинските проактивни луѓе имаат специјално избрани вредности, кои ги водат нивните постапки. Иако може да се случат многу работи околу нив, секогаш можат да ги стават своите идеали на прво место и да се борат со позитивна енергија, и со тоа да го прошират својот круг на влијание.

За жал, до сега неможе да се издвои некој од поставените функционери како пример. Ваквите личности не се „популарни“ во нашиот систем. Додека проактивните луѓе ги избираат своите вредности и се фокусираат на ситуациите на кои можат да дејствуваат, реактивните се пасивни послушници. Кај нас се популарни реактивните како опозит на проактивните. Се бираат функционери кои имаат пасивен став и со нив управуваат околностите за кои немаат контролен капацитет.

Реактивните луѓе се силно погодени од околностите и околината многу влијае врз нив. Овие луѓе својата грижа ја насочуваат кон она што го прават другите, на проблемите што се случуваат околу нив и, пред сè, ги насочуваат своите очи кон фактите што немаат решение. Тие немаат капацитет да дејствуваат, тие се затекнати од настани.

Со реактивни политичари, реактивни функционери и реактивна власт неможе да има проактивен институционален систем. Најмалку е возможно да има прогресивен систем. Толку и од проактивноста на оваа власт!