НAJBАЖНО: Новиот pycки проект за Македонија

Балкан, Македонија

Русија не мирува, жестоко се бори да ја дестабилизира Македонија, а со тоа и јужното крило на НАТО. Русија никако да разбере дека Македонија си има свои национални приоритети, а најважен е тој за влез во ЕУ. По секоја цена се обидуваат да спречат ширење на ЕУ на Балканот.

За таа цел прво ги искористија своите позиции во Франција, а последно им остана нивното огромно влијание во Бугарија. Русија го нарача бугарското вето за Македонија. На тој начин со еден куршум, два зајаци. И спречување на ЕУ да се прошири на Балкан и отварање на нов конфликт во срцето на НАТО. Тоа беше и целта на настаните во северно Косово и препукувањата со Србија.

Поради тие факти, Бугарија се најде под жесток притисок од страна на САД и ЕУ, да се повлече од ветото за Македонија, како руски проект и да дозволи почеток на преговори. Самиот почеток на преговори и отварање на европска перспектива за Македонија и Албанија, ќе го стабилизира Балканот и ќе овозможи мирно решение на косовското прашање, без последици за Македонија.

Бугарија неможејќи да го издржи тој притисок, побара помош од Русија. Русија со цел да опстои бугарското вето за Македонија, смисли нов план. Тој план предвидува да се активираат сите руски агенти во Македонија да создадат хистерија за напуштање на преговорите со Бугарија и да се минира работата на „историската комисија“. Во таа насока се појавија сите „руски аналитичари“ како Никовски во сите „руски медиуми“ како оние од (Н)Инфомакс, со ширење на хистерија за прекин на преговори со Бугарија.

На тој начин, проблемот од Бугарија ќе се пренесе во Македонија, а вината за попречени ЕУ интеграции ќе падне на македонска страна. На тој начин Русите ќе ја спасат Бугарија од жестоките притисоци на САД и ЕУ, а сите прстот ќе го вперат во жална Македонија, која повторно во очите на светот ќе биде виновна за неуспехот на ЕУ. Во овој план силно дејствува и Бугарија со свои агенти во Македонија.

Во таа насока беше и постапката на проф. д-р. Ванчо Ѓорѓиев, кој ненадејно и без особена причина ја напушти работата на „историската комисија“ на спектакуларен и скандалозен начин. Со однапред договорено сценарио со Бугарите во комисијата, познати болшевички агенти во Бугарија. Еден од бугарските членови на комисијата има надимак „мистер КГБ“, поради неговата 40 годишна соработка и слугување на руската болшевичка тајна служба КГБ.

Планот предвидува „проблемот“ да започне од „историската комисија“. И тоа е успешно заврешено. Проблемот е отворен. Следен чекор е да се направи хистерија за повлекување на другите членови од комисијата, од македонска страна. На тој начин, Македонија ќе ја напушти работата на „комисијата“ и пред меѓународната заедница ќе ги потврди бугарските тврдења дека Македонија не го имплементира македонско – бугарскиот договор за пријателство.

Следен чекор ќе биде нагло влошување на односите помеѓу Македонија и Албанија, а со тоа отварање на патот само на Албанија кон ЕУ, а отварање на внатрешен меѓуетнички проблем во Македонија. Додека САД ги решаваат внатрешните проблеми во Македонија, Русија со помош на Србија ќе ги влошат состојбите во Косово, Босна и Црна Гора, по што ќе создадат подобри позиции за Србија во преговорите за т.н. „српски свет“. Бугарија ќе биде целосно ослободена од странските притисоци за Македонија и ќе го изгуби значењето во новите односи на Балканот. Во таа насока започнаа да дејствуваат руските играчи во Бугарија и Европа, со јавни изјави и барања за одвојување на патот на Албанија и Македонија.

Бугарија на овој начин ја добива помошта од Русија да се извлече од катастрофалната политика во која навлезе со преговорите со Македонија, но повторно ќе одработи против себе за руски интереси на Балканот. Македонија останува во огромна криза, а Бугарија времено ќе се ослободи од надворешните притисоци. Секако добивка ќе имаат само Србија и Русија.

Во оваа игра се влезени и руски кртови во македонската Влада и МНР. Тие прават се што е потребно за нарушување на односите на Македонија со ЕУ и на тој начин да им се излезе во пресрет на руските барања и интересите на Бугарија. Таков е и функционерот кој наводно „му се заканувал“ на професорот со работата во Комисијата.

Единствен излез од оваа состојба е продолжување на разговорите со Бугарија и засилување на притисокот на САД и ЕУ врз таа земја. Брзо решавање на проблемот и започнување на преговори на Македонија за пристапување во ЕУ. Се друго е катастрофа за македонската држава и македонските национални интереси.