ЖЕДНО добро утро од аматерката за власт

Добро утро

Жед за власт

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Обидите на сегашната власт за победа на локалните избори со посебна желба за град Скопје, наликуваат на изборите од 2013 година кога тогашната власт направи се’ возможно и невозможно да победи во општина Центар. Тогаш, со желба да продолжи проектот “Скопје 2014”, а сега преку Шилегов да продолжи “прогресот” на државата.

Очигледно е дека се спремни да ги искористат сите механизми од позиција на власт и “на мускули” да извојуваат победа. Притисоците се очигледни и граѓаните ги чувствуваат. Слушаме дека МВР подготвува посебна акција, а активистите на владините партии веќе го подготвуваат теренот.

Очигледно заборавија на дојавата за време на првиот круг или мислат дека не важи за втор круг?! Како и да е, ризикот кој го превземаат е на нивна штета. Овој пат или нареден, ќе завршат исто како претходните. Ниту тогаш граѓаните не дозволија да продолжи нагрдувањето на Скопје, ниту пак сега ќе им овозможат уназадување на државата. Една стара поговорка вели: “Не го лути тој што треба да го молиш”.

Каков и да е исходот од изборите, доволно е што им покажаа на граѓаните дека нема разлика помеѓу сегашната и тогашната власт. Паднаа на тестот од граѓаните! Се откри големата лага на Зоки за наводно рушење на режим. Вистината е само жед за власт!