Еве од каде ЗAEB го yкpaдe пpoектот за комyникациja со гpaѓанитe

Македонија

Лидерот на CДCМ Зopан Зaeв буквално со украден проект „Државен шалтер“ од Македонски концепт се пофали на граѓански собир и побара поддршка од граѓаните. Според изјавата, очигледно е дека премиерот не го разбрал проектот промовиран на „Европската Вечер“ организирана од УEФM на која беше за прв пат промовиран Македонски Концепт и повторно ќе ја утне работата. 

Имено Зaeв во корист на својата партија во кампањата за Локалните избори 2021 година најави насока и директива, во сите општински организации, кај сите наши градоначалници, сите министри и директори – GAME CHANGE – излегоа проблемите на виделина – фрчат пораки со проблемите на луѓето – тргнуваме со нов систем каде секој граѓанин ќе добие одговор – прво дека пријавата или поплаката или барањето се примени, а веднаш потоа и упатување од секоја институција како ќе се решава проблемот. Систем другари. Правила и процедури.

Секој што пријавил проблем добива одговор, фидбек. Ама секој. Без разлика кој е. Систем услуги кој оди рамо-до-рамо со дигитализацијата. А ако некој не добие соодветна услуга, ќе светне црвено на компјутерот и одма се знае кој затаил, кој не работи како што треба, кажа Зaeв. Тоа е буквален препис на текстот од промовираниот Проект „Државен шалтер“ од страна на Македонски концепт за време на Парламентарните избори 2020 година.

Премиерот им се обрати на скопјани, односно како што ги нарече, прогресивно граѓанство, кое на првиот круг од локалните избори ги казниле, иако не сакале да се врати режимот, со плагијат проект. Им порача дека предупредиле на време дека се враќа режимот, а не соопшти од каде го „позајмил“ проектот кој го промовира.