шилегов

HEHOPМАЛНО добpo УТPO од аматepката со MISSIОN IMРОSSIBLE

Добро утро

MISSIОN IMРОSSIBLE

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

На истиот начин, на истото место, пред неколку години Зоки со другарите си ја подаваа метлата која беше симбол и најава за “чистка”. И тогаш, како и сега ги лажеше граѓаните дека ќе ги “измети” сите оние кои ги поставил, ама не покажале резултати. И тогаш беше предизборно “загрижен” за маките на граѓаните и им вети “чистка” на сите оние кои брзо ги заборавија нивните реални потреби. Арно ама, ништо од ветеното.

Поминаа изборите, ги собра гласовите, а од метлата ни ал ни абер. Не само што не ги измете, туку ги остави и понатаму да го “валкаат” и загрозуваат системот поставувајќи ги на уште повисоки позиции. И така се насобра толку многу нечистотија што неможе веќе да се толерира. Затоа граѓаните одлучија да си ја земат метлата во свои раце и одлучија што е најдоброто за нив и нивните општини.

Од “генералката” која ја направија на Зоки одеднаш на виделина му излегоа проблемите од луѓето. Овојпат им ветува нов систем, правила и процедури. Ветува промена на игра. Ама како, не е јасно. За една недела ќе го промени карактерот на Петре и од арогантен од него ќе направи народен човек?!

шилегов

Или Максим ќе го направи арогантен од народен човек?! Невозможна мисија на Зоки! Граѓаните не се глупави како што тој мисли и точно знаат што прават. Знаат дека системот го прават луѓето и дека невозможна е промена на истиот без промена на луѓето кои го сочинуваат истиот. Затоа Зоки твојот GAME CHANGE е MISSION IMPOSSIBLE!