КРАЈ за султанот Ердоган, ова се последни моменти

Свет

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган му нареди на министерот за надворешни работи да прогласи за персона нон грата 10 амбасадори, вклучително и амбасадорите од САД, Германија и Франција.

Ова е резултат на обидот на Ердоган да го услови своето заминување, договорено за крајот на 2021 година, со три услови, кои никако да му поминат кај „западните“ сојузници. Имено, Ердоган побарал после пензионирањето да биде оставен да живее на раат во Истанбул со своето семејство, „заработените“ милијарди да останат на нивно располагање без никој да прашува од каде му се парите и тој да го избере својот наследник! Секако „западот“ тоа го условува со правда за турскиот народ, а доколку се докаже криминал, султанот да одговара.

На тоа Ердоган одговори дека му наредил на Министерството за надворешни работи да прогласи десет амбасадори за непожелни, со цел да покаже заби на странците кои не ги прифаќаат неговите услови за пензионирање.

Тој рече дека причина за оваа одлука е нивниот повик за ослободување на филантропот Осман Кавала, затворен од Ердоган без никаква причина, само поради можноста токму тој да биде неговиот наследник, што длабоко го исплаши султанот.

Зарем вие треба да и делите лекции со Турција, изјави Ердоган и додаде дека турското судство е независно. Секако зависно само од него и неговата тајфа. Турските власти во вторникот ги повикаа амбасадорите на десетте земји, оценувајќи го како неприфатлив нивниот повик за ослободување на Кавала.

Министерството за надворешни работи ги повика на разговор амбасадорите поради „неодговорно“ соопштение во кое тие повикаа на правично и брзо решавање на случајот Кавала. Во 2013 година, властите го обвинија Кавала (64), позната личност од граѓанското општество, дека сака да ја дестабилизира државата. Тој е човекот кој треба да ја стабилизира и демократизира Турција, после падот на режимот на Ердоган.

Кавала ги поддржа антивладините протести таа година. Тој потоа беше обвинет во 2016 година дека се обидел да ја собори владата за време на неуспешниот пуч. Тој е во затвор од крајот на 2017 година. Ердоган го смета за свој најголем ривал после неговото заминување од власта оваа година.

Кавала четири години е во затвор без осудителна пресуда и покрај тоа што Европскиот суд за човекови права побара негово ослободување. За него нема обвинение, освен стравот на Ердоган дека ќе го симне од власт. Каква е таа туска правда, кога човек без обвинение лежи во затвор веќе 4 години?

Тој во 2020 година беше ослободен од обвиненијата поврзани со протестите организирани низ целата земја во 2013 година, но пресудата беше поништена оваа година и комбинирана со обвиненија во друг случај поврзан со обидот за државен удар во 2016 година. Се ближи крајот на султанот, турската Република се враќа!