Уништeна ЗOO во Скопје!

Живот, Македонија

Македонија се гуши во смет. Секој остава отпад каде ќе посака. За тоа дневно сретнуваме по милион реакции на граѓаните. Особено на социјални мрежи. Постојат и низа здруженија кои се занимаваат со таа проблематика.

Поразително е што дивеењето на бандитите низ земјава не запира тука. Тие постојано оштетуваат јавен имот. Оштетуваат клупи и контењери за отпад во градски средини, патеки за велосопеди, семафори… се што ќе им дојде на дофат. Но никој не можеше и ова да го замисли. Обид за рушење на оградата на Зоолошката во Скопје.

Штетата е направена на оградата на Зоолошка градина во Скопје. Од страна на Гратски парк, каде поминуваат илјадници граѓани дневно. Некои бандити се обиделе да крадат блокови од оградата на ЗОО, при тоа направиле само штета на имотот на градината.

Во земјава никој ништо не презама за овој проблем. Нема надлежни. Нема загрижени. Едноставно оставено е се на милост и немилост на локални банди. До кога и до каде вака? Ќе се најде ли човек што ќе стави ред на ова безредие?