Поглед:
1.089
Поранешниот претеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски објави финансиска анализа на нековата офцијална фан страна.

Големите лаги на малите провидни политичари…

СДСМ ја задолжува Македонија со 2,4 пати побрзо темпо, а не гради ништо…


ВМРО-ДПМНЕ ја задолжуваше Македонија со просечно 254 милиони €/годишно..
СДСМ во овие 3 години и 9 месеци просечно не задолжува со 640 милиони €/годишно…

ВМРО-ДПМНЕ кога ја напушти власта јавниот долг на Република Македонија бил 4,7 милијарди евра, а кога ја превзема беше 1,9 милијарди евра.
Значи ВМРО-ДПМНЕ за полни 11 години владеење го зголемила јавниот долг за 2,8 милијарди €…

СДСМ кога ја превзема власта јавниот долг бил 4,7 милијарди евра, а сега (крај на прв квартал 2021) е 7,1 милијарди евра.
Значи СДСМ за 3 години и 9 месеци го зголемиле долгот за 2,4 милијарди евра.

Да не заборавиме на огромните инфраструктурни проекти во време на ВМРО-ДПМНЕ. Автопати, регионални, магистрални патишта, спортски сали, брани, ветерници, болници, училишта, факултети, канализации, водоводи, индустриски зони. Но и набавка на возови, противпожарни авиони, противпожарни и возила за брза помош, стотици автобуси за ЈСП.

Да не заборавиме и дека сега, во време на СДСМ, скоро и да нема ништо од инвестиции во инфраструктура и капитални набавки…

Сега има Ковид криза, тогаш имаше две светски економски кризи (хипотекарната и должничката).
П.С. Сано денес се очекува Собрание да донесе три закони за нови задолжувања од вкупно 183 милиони евра.
Според постојни цени, а референтна 2005 година:
Во 2006 БДП на Република Македонија изнесувал 324 милијарди денари.
Во 2017 БДП на Република Македонија изнесувал 440 милијарди денари.
Во 2020 БДП на Република Македонија изнесувал 445 милијарди денари.
Заклучок:

Со задолжувањето во време на ВМРО-ДПМНЕ од просечно 254 милиони евра/годишно, постигнат е реален раст на БДП за 116 милијарди денари (или 10,5 милјарди денари годишно)..

Со задолжувањето во време на СДСМ од просечно 640 милиони евра/годишно, постигнат е реален раст на БДП за 5 милијарди денари (или 1,25 милијарди денари годишно)…

Скоро 10 пати е поголем и подобар ефектот од задолжувањето во време на ВМРО-ДПМНЕ од задолжувањето во време на СДСМ…