
ДОБPO УТPO oд аматepката cо дojaвата oд Kaле
Ах таа дојава…
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
Во саботата, ден на изборен молк се случи пресврт на настаните. Иако многу малку се зборува за оваа дојава, истата е од клучно значење за да денес сите се гордеат со фер и демократски избори. Оливер во кратко соопштение за јавноста кажа дека полициските проверки не откриле ништо и даде ветување на граѓаните дека ќе обезбеди мирен изборен ден. И така и бидна!
Денот беше сончев, мирен и граѓаните слободно си ја завршија својата граѓанска должност. Но, ноќта беше бурна! Некои политичари беа изненадени пријатно, а некои непријатно од првичните резулати. Некои беа во рамките на очекуваното, а некои не. Оливер одлучи да ги заштити граѓаните, но не и некои политички лидери. Дали таа негова одлука е донесена „милум“ или „силум“ не е важно. Иако сите желби му беа претходно исполнети од сопартијците, тој сепак одлучи да се спаси само себе си, не и нив.
Доколку „дозволеше“ во изборите да се вклучат 83 вoopyжени лица кои беа подготвени за изборно насилство и резултатите ќе беа поинакви. Ноќта ќе зрачеа од среќа набројувајќи ги општините во кои „победиле“ уште во првиот круг. Со овации ќе ги презентираа резултатите за Куманово, Тетово, Гостивар, Струга, Чаир и Кичево. Па и по некој рафал ќе се слушнеше за убедливо водство во останатите општини со загарантиран процент за победа во вториот круг.
ДИK ќе разгледуваше илјадници опозициони приговори, Оливер ќе ја смируваше јавноста дека сторителите ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата, а власта полесно ќе „дишеше“ во овој период пред вториот круг. Помалите зависни и независни ќе „ги стопеа“ и ќе оставеа по некој корисен за себе за „недај боже“.
Владата ќе донесеше поригорозни здравствени протоколи со мерки за граѓаните, а Мила поуверено ќе продолжеше со своите сексуални стратегии. Тетово веќе ќе беше прогласен за втор главен град, а Зоки од радост и среќа ќе го соопштеше и точниот датум за влез во EУ. Ах таа дојава што им направи. Им ги уништи соништата.