CKAНДАЛ: MAНУ под pycко poпcтво

Политика

МАНУ свитка кичма под т.н. Деновите на руската наука. Тоа во минатото го гледавме преку поранешниот ректор на УКИМ Велимир Стојковски, а како заврши УКИМ после таа соработка, можете да процените сами. Денес УКИМ го нема на листата барем на 1000 универзитети во светот, токму поради „руското просветлување“. Дали истото ја очекува и МАНУ?

Трагедијата се мултиплицираше со ставот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), дека конкурентност на високообразовната институција и нејзините дипломирани студенти на светскиот пазар на труд ќе ја подобрува преку активна интеракција со странски партнери како Русија, каде ниту еден македонски студент не заминал да престојува или работи. Дали МАНУ е комплетно вон време и простор на реалноста во светот?

Дополнително за скандалот да биде поголем, МАНУ најавува македонската и руската академска заедница од која директно ќе зависат научниот напредок и новите технологии, а тие пак да бидат основа за политички одлуки на земјите. Тоа значи дека МАНУ има амбиција да го промени политичкиот дискурс на земјава и да не пренасочи во „руски свет“.

Како што беше речено, македонските и руските научници отсекогаш имале и имаат плодна соработка. Постои голем интерес за нејзино интензивирање, за реализирање заеднички проекти и истражувања, а тоа е добра основа и за заеднички политички ангажмани.

-Руската наука го задолжи светот. Во историјата засекогаш ќе останат впишани големите имиња на руските научници, пронаоѓачи, истражувачи, писатели,…, од кои многумина се и добитници на Нобеловата награда. Но, Русија и денес го препознава значењето на науката и има стратегија за нејзина поддршка, истакна во своето обраќање претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев и најави дека се подготвува нов договор меѓу Руската академија на науките (РАН) и МАНУ.

Според рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Александрович Баздникин, за Русија науката е еден од врвните приоритети, а во фокусот се напредните научно-истражувачки центри и талентираните млади луѓе.

-Со МАНУ и со руските висоообразовни институции денес отвораме низа онлајн предавања на експерти од двете земји за современите научни достигнувања. Убеден сум дека Деновите на руската наука ќе придонесат за унапредување на нашите традиционални партнерски врски, а Амбасадата ќе продолжи да дава поддршка на соработката, нагласи Баздникин.

На каква руска поддршка мисли амбасадорот не беше прецизирана. Веројатно на соработка на оние руски агенти кои беа протерани од Македонија и кои дирекно работат против македонските национални интереси.

На свеченото отворање се обратија и академик Виктор Антонович Садовничиј, претседател на Рускиот Сојуз на ректори и ректор на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“, проф. д-р Сергеј Владимирович Позјабин, ректор на Московската државна академија за ветеринарна медицина и биотехнологија „К.И. Скрјабин“, проф. д-р Евгениј Владимирович Рудој, ректор на Новосибирскиот државен аграрен универзитет и проф. д-р Велимир Стојковски, почесен конзул на Руската Федерација во Охрид и докажан лобист на антимакедонските руски амбиции во земјава.

Секако не смееше да биде изоставен и пpeтceдатeлот на Pycката Федеpaциja, Bладимиp Пyтин кој ја прогласи 2021-ва за Година на науката и технологијата. По тој повод е предвидено да се организираат 86 настани кои ќе овозможат запознавање на пошироката јавност со рycката наука на достапен и информативен начин. Еден од настаните се и Деновите на рycката наука кои ќе траат до 21 октомври. За овие теми ќе зборуваат академик Љупчо Коцарев, проф. д-р Велимир Стојковски, проф. д-р Евгениј Варисович Камалдинов и проф. д-р Лариса Александровна Гнездилова.