БОГОЈЕСКИ (видео) му ја најде дијагнозата на Заев

Политика

Утрово Петар Богојески од Македонски Концепт имаше настап на ТВ24 на кој буквално му ја најде дијагнозата на Заев.

„Овие избори покажаа дека тоа што го скршивме ледот и поставивме стандарди, дека граѓаните треба да се спротиставуваат на елитите. ВМРО-ДПМНЕ имаше добри избори, добар бран кој ќе донесе уште подобри резултати во вториот круг. Заев со изјавата покажа дека не ја разбрал пораката на граѓаните, тој планира да ја продолжи политиката со министри како Царовска, Филипче.

Во вториот круг граѓаните ќе му испратат уште посилна порака. Ако еден министер цел ден седи во кафани, а луѓе му горат, а друг министер гори учебници, и поддржува само геј паради. Тоа мора да е сериозно казнето. Заев е казнет дека напушти два концепти – струмичкиот и европскиот. Власта секогаш паѓа во Прилеп, Битола, Велес и во Охрид, штом опозицијата победува во тие 4 градови, тој тренд нема да прекине наредните години“ вели Петар Богојески, Македонски коцепт во Студио 10 на ТВ24.

Целосната снимка од настапот може да ја погледнете тука: