САД со порака до ЕУ за Македонија

Свет

Европските и светски медиуми известија за посетата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеф Борел, која траеше до 15 октомври. Тој престојува во прва официјална посета на Вашингтон од доаѓањето на новата американска администрација.

Во рамки на таа посета, Борел разговараше со американскиот државен секретар Ентони Блинкен за актуелните надворешно-политички прашања и иницијативи за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство ЕУ-САД. Но која била пораката на САД во врска политиката на проширување на ЕУ, особено проблемот на Македонија?

Посетата е продолжение на бројните контакти што високиот претставник на ЕУ веќе ги имаше со американски официјални претставници. Најавена е и негова средба со заменик-секретарот за одбрана на САД Кетлин Хикс за унапредување на билатералната соработка во областа на безбедноста и одбраната.

За жал медиумите не откриваат детали за разговорите за дестабилизација на јужното крило на НАТО и проширување на руското влијание на Балканот, како резултат на несериозната политка на ЕУ и прогледување низ прсти на Бугарија, која дирекно допринесува за таков резултат.

Пораките на САД се јасни, ЕУ да продолжи со процесот на проширување и итно да го затвори билатералното прашање помеѓу Бугарија и Македонија. Дали на Борел му станаа јасни тие пораки, никој не знае!