АМЕРИКАНСКАТА амбасада со известување до ОЈО

Хроника

Комисијата за следење на кривични дела поврзани со изборите и гласањето на Основното јавно обвинителство – Скопје добило неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности меѓу кои и од амбасадата на САД во земјава.

Од таму е доставено известување дека лице од политичка партија пријавило оти над 80 лица добиле огнено оружје за да го загрозат изборниот процес.

– На 17.10.2021 година во 09:04 часот по лотус добиено е известување од страна на Оперативниот штаб, доставено од страна на Амбасада на САД во кое известуваат дека едно лице од политичка партија, на 16.10.2021 година се обратило до нив и споделило информација дека 83 лица кои биле повеќекратно осудени сторители на кривични дела и се на слобода, добиле огнено оружје со цел попречување на изборниот процес, како и дека друго лице – познат сторител на кривични дела поседува оружје и дека на денот на гласањето ќе изврши кривични дела со кои ќе го загрози животот и телото на лица – членови на политичка партија“, се вели во соопштението на ОЈО.

Од обвинителството додаваат дека по приемот на известувањето преку МВР се проверуваат наводите од пријавата и се преземаат оперативни мерки за проверка на лицата и разговор со подносителот на пријавата.