СКАНДАЛ: Еве како се победува во прв круг

Политика

За победа во првиот круг од локалните избори потребно е најмалку една третина од регистрираните гласачи да излезат на гласање во конкретната општина и еден од кандидатите да освои мнозинство гласови.

Тоа хипотетички означува дека во општина со 10.000 гласачи, доволно ќе биде да гласаат само 3.334 граѓани, а доколку еден кандидат добие само 1.667 гласови, тој е победник во прв круг. Значи со само 16,67% може да се стане градоначалник на општина и тоа во прв круг.

Оние што нема да бидат избрани на 17 октомври со толку силно мнозинство, што е срам само по себе, ќе ја продолжат битката во вториот круг закажан за две недели подоцна.

Изборниот законик вели дека победник е, одностно станува градоначалник, оној кој ќе добие мнозинство гласови од избирачите што излегле на гласање, но излезноста е најмалку една третина од вкупниот број регистрирани гласачи во Избирачкиот список за соодветната општина.

Доколку во првиот круг на гласање за избор на градоначалник на општината, односно градоначалник на град Скопје, не излезат една третина од вкупниот број гласачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина, се предвидува во законот.

Доколку ниту еден од кандидатите нема мнозинство гласови, тогаш вториот круг се одржува во рок од 14 дена, што во овој случај тој е на 31 октомври. Треба да се знае дека во вториот круг одат само двајцата кандидати кои имале најмногу гласови во првиот круг, а победува оној што добил најмногу гласови. Тоа значи во втор круг ако излезат и само 1000 граѓани, а еден кандидат освои само 501 глас, тогаш е избран за градоначалник. Тоа значи со само 5% гласови се станува градоначалник.

Изборот на советници се затвора во првиот круг, а нивната распореденост се пресметува според Донтоновата формула.

Партиите си ја наредиле работата, што граѓаните спијат.