ДОБРО УТРО од аматерката со волја – неволја

Добро утро

Волја – неволја

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Една од основните психички способности на човекот која управува со неговите свесни постапки и решава дали нешто ќе се направи или не е сопствената волја. Често човекот постапува спротивно од неа поради повеќе причини кои му влијаат врз неговото живеење. Волјата би била челична доколку врз истата нема влијанија која ја неутрализираат нејзината цврстина. Волјата треба да е сакање, желба, намера, расположение и да биде сопствен избор и слобода. И политичарите кои сакаат да владеат треба да бидат избрани од волјата на граѓаните. Но, дали е така?!

Ако секој втор граѓанин се чувствува толку несигурно за да каже: “Немам волја за ништо”, дали сопствената волја (која ја нема) е пресудна при избор на некој кандидат?! Политичарите претходно “сработиле” за да ја неутрализираат волјата на гласачот. Претходно успеале да им го уништат стремежот или поттик за извршување на нешто, за постигнување определена цел. Така гласачот е успешно насочен да се води од други побуди при изборот, но не и од сопствената волја.

Политичарите волјата им ја заменуваат со одлуки, заповеди, наредби или согласности за нешто. Гласачот мора да прифати да биде извршител на нивната волја. Нема друга алтернатива ако сака да продолжи да живее. А кога ќе ги изгласаат, политичарите задолжително потенцираат дека се избрани по волјата на граѓаните! Кога граѓаните/гласачи ќе бидат “ослободени” за да почувствуваат дека имаат некаква волја, тогаш ќе можат да ги променат и политичарите кои ги довеле во таа состојба! Се до тогаш, ќе имаат владетели кои ќе ги втурнуваат во неволја.