
CKAНДAЛ: Ocмaни coздaва paздop пoмеѓy Maкeдoнцитe и Бyгapите
Македонија и Бугарија работат на изнаоѓање на решение за спорот помеѓу двете земји, на начин на целосно раскарување помеѓу Македонците и Бугарите. Таквото решение, според Османи е врз основа на предлозите на германското и португалското претседателство со ЕУ кои ги презеде и словенечкото претседателство, што е огромна лага на министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Според шефот на дипломатијата, од неодамна Бугарија го променила наративот, па сега, од идејата за „наметнување на еднострана апсолутна вистина“, преминала на почитување на правото на граѓаните сами да одлучат дали е за нив прифатлив тој наратив. Решението на спорот, Османи сега го гледа во внесување на Бугарите во Уставот. Со тоа успешно ќе се спроведе планот за трајно уништување на пријателството помеѓу двете нации.
„Преку внесување на Бугарите во нашиот Устав тие ќе добијат можност да ги изразат својот идентитет и културните и историските атрибути. Македонија е позната по тоа што им дава можност на своите заедници слободно да се изразуваат и мислам дека тоа е патот напред“, рече Османи. Со тоа дефинитивно се уриваат сите можности за граѓанска држава, а Османи протуркува траен раздор и отворена можност за конфликти помеѓу Македонците и Бугарите и во иднина!
Дали е тоа дел од руското сценарио, кое упорно се наметнува во соработка со функционерите од времето на груевизмот? Дали и османи ги прифати „аргументите“ на неговиот предходник Антоњо Милошоски.
Идејата за внесување на Бугарите во Уставот, Османи за прв пат јавно ја спомна во март годинава. Од тој момент Османи упорно е протеже на руската стратегија која ја застапуваат дел од бугарските политичари, измеќари на Москва. Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев јавно се согласи со таа стратегија во јули годинава, по што следуваа низа небулозни обвинувања на бугарското МНР кон Македонија.