
ТРАГЕДИЈА: Радев да не зине, да не излаже
Претседателот на Бугарија, Румен Радев веќе служи за потсмев во Македонија. Типот освен што шири лажни вести поврзани со теми од Македонија, ништо друго не прави. Монти Пајтон политичар!
Бугарската национална телевизија во пладневните вести денеска објави информација за лагите на Радев од својот новинар Николај Минков кого го вклучи директно во вестите. Тој самиот се лоцира во околината на Кавадарци. Во репортажата од терен, Минков вели дека Радев лаже, дека на ова подрачје не сретнале никаде гробишта на кои биле погребани бугарски војници од првата светска војна, а уште помалку пак тие да биле осквернавени како што деновиве изјави бугарскиот претседател.
Новинарот Минков во својата репортажа пушти и двајца граѓани од Кавадарци Ацо Темков и поранешен директор на Историскиот музеј Петар Камчев кој 37 години работел во оваа установа и кои исто така ја потврдија лагата на Радев!
И двајцата зборуваат дека никогаш не виделе гробишта на оваа локација или да чуле за нешто такво од постари граѓани, туку дека тука има два споменика кои се наоѓаат на далечина еден од друг на километар и половина од кои едниот е во спомен на 193 загинати бугарски војници во периодот, како што стои на плочата на споменикот, 1915-1918 година, а другиот е исто така во чест на бугарски војници.
Споменикот на Пере Тошев што пред градежниот зафат бил на оваа локација во согласност со тогашната Организација на Бугарите бил поместен заедно со чешмата што била составен дел од него.
До кога мисли Радев да шири лажни вести и да ги уништува добрососедските односи помеѓу нашите две земји?