Бугарска фондација во Скопје врши обука на терористи!!!

Балкан, Македонија, Политика

Бугарската фондација „Македонија“,  е позната на македонската јавност по лицето Виктор Стојанов кој беше испратен од бугарските русофилски служби да „подарува“ бугарски книги низ Македонија. Тој беше дел од пограничниот инцидент на граничен премин Деве Баир, во обид да внесе книги во земјава. Виктор Стојанов известува за намерата да врши обука за користење на огнено оружје во Скопје.

После инцидентот на преминот Деве Баир, при повторен обид македонската Влада им дозволи да ги внесат бугарските книги во Македонија. Наводно книгите беа наменети за Бугарскиот културен центар во Македонија. Но директорот на центарот во јавна изјава за македонски медиум тоа го демантираше. После таа изјава беше сменет и вратен во Софија од страна на МНР Захариева. Виктор Стојанов беше примен на разговор од бугарскиот претседател Румен Радев и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева. И двајцата истакнаа дека отворено застануваат зад активностите на лицето Виктор Стојанов.

На својата фан страна на ФБ, Виктор Стојанов соопштува опасна намера. Тој наведува дека на 5ти мај, во Скопје извршил обука за користење на огнострелно оружје и тактички подготовки за водење на војна на млади од Република Македонија. И тоа под закрила на Фондација Македонија. За таа цел бил најмен специјален воен инструктор од русофилските кругови во бугарската армија. Тој истакна дека пред рок се пријавиле 5 младинци од Скопје, а на обуката ќе биле примени 10 души.

Тука се поставува прашањето до двете држави и двете влади на Македонија и Бугарија:

Прво дали претседателот Радев и министрерката Захариева стојат зад обидот да се вооружуваат терористи во Македонија?

Второ дали министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, воопшто има појма што му се случува пред нос во главниот град Скопје, во земјата за чија безбедност е одговорен?

Трето, дали премиерите Заев и Борисов кога објавуваа Договор за пријателство, мислеа на вакво пријателство?

Четврто, дали постои друг пример во светот, две земји членки на НАТО меѓусебно да се подриваат со подметнување на терористички келии за рушење на безбедноста на јужното крило на НАТО?

Петто, до кога ќе се толерираат овие веќе опасни активности на руското ГРУ за рушење на НАТО преку агенти од Бугарија?

Одговорите ги очекуваме пред се од македонските безбедносни служби, но и од НАТО и од Бугарија?