РУСИЈА со лажни вести за супер оружје, еве ја реалноста

Свет

Повторно македонската јавност е жртва за руското супер оружје, а тоа е ширење на лажни вести помеѓу нашите граѓани за наводната воена супериорност на Русија наспроти НАТО. Овој пат се промовира лажен таен авион, познат како У-71, демек дел од Проектот 4202 од руската ракетна програма. Тој авион можел да стигне до Вашингтон од Русија за 45 до 50 минути, Њујорк за 40 минути и Лондон за 20 минути.

Но реалноста на состојбите со руската армија е сосема поинаква. Наместо да лажат за наводен авион за кој наводно има многу малку информации и наводно може да развие брзина до 11.000 километри на час и демек авионот е исто така супер-мобилен и способен да лета до „границата со вселената“, најдобро на јавноста да и покажат што навистина има во руските воени полигони.

Наместо да лажат за наводно тестирање на новиот авион, и приказните дека Русија ќе ја преземе нуклеарната предност во САД со помош на нов вид оружје до 2025 година, погледнете на сликите што реално има во Русија.

„Трките со вооружување на крајот на минатиот век и дадоа можност на нашата земја да ги остави зад себе земјите на НАТО во однос на развојот на одбранбената индустрија и создавањето на четвртата генерација на оружје“, изјави рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин, а никако да признае дека армијата им е распадната.

„Петтата генерација, да бидеме објективни, од неколку разбирливи причини поврзани со распадот на Советскиот Сојуз, беше заглавена на ниво на оддели за дизајн. Тековната задача на нашата одбранбена индустрија е да ја зајакне петтата генерација на оружје и да зачекори во иднината. Мора да работиме на шестата и седмата генерација. Веќе работиме на тој развој, и тој е многу успешен, морам да кажам. Тоа е целосно ново и понекогаш непредвидливо оружје “, рече официјалното лице. Погледнете на што мисли:

Се претпоставува дека Рогозин зборувал за овој хиперсоничен авион што е способен да носи нуклеарни боеви глави, а никако да каже дека нуклеарниот арсенал им е распаднат.

Приказната е дека информациите за проектот случајно им протекле во февруари 2015 година, а демек претставници на Пентагон признаа дека новото руско оружје ќе го уништи планот за систем за ракетен штит околу Русија, додека новото оружје може да ги направи САД апсолутно неодбранливи. А погледнете на што им доликува опремата:

Наместо да продаваат фантазии за некаков си У-71 хиперсоничен авион, опремен со систем за електронско војување, кој ќе може да ги оневозможи сите електронски станици за откривање на патот низ САД, најдобро е да направат навистина нешто вредно за почит.

Најсмешни се информациите дека НАТО признава за 24 хиперсонични авиони кои ќе бидат распоредени до 2025 година во еден од полковите во 13-та ракетна дивизија на регионот Оренбург. Од овој регион, У-71 ќе можел да стигне до Вашингтон за 45-50 минути, Њујорк за 40 и Лондон за 20 минути. Значи, ќе биде невозможно да се открие или пресретне.

Можеби мислат на овие суперсонично распаднати хаубици или тенкови.

Не е тајна дека Русија развива и хиперсонични лажни вести за крстосувачки ракети кои можат да достигнат цели на мала висина. Значи, практично ќе биде невозможно системите за ракетна одбрана да ги срушат, бидејќи ракетите се всушност аеродинамички цели. Нивното пресретнување е можно само во опсег од 700-800 метри во секунда. Во моментов, НАТО нема такви ракети. Секако тоа е на супер потсмев во НАТО.

Демек рускиве се толку јаки, што Соединетите држави и Кина развиваат и свои авиони слични на руските У-71. Демек ги копираат Русите, а достигнувањата на американските инженери се многу поограничени. Само ограничени луѓе веруваат во овие руски сказни.