ДOБPO УТPO од aматepката cо мpтвoтo oпштecтвo

Добро утро

“Eдно oпштество за cите” прогласено за yмpeно!

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Подолг временски период Зaeв не го споменува концептот “едно општество за сите”. Претходно од уста не го вадеше! Ќе ја градеше Македонија врз тој концепт со развиена интеркултурност. Па ќе ги “признаваше” сите различности, гарантираше еднаквост, социјална правда, правичност, еднакви можности… и тн. А граѓаните пак требаше да имаат учество во одлучувањето и постигнување општествена кохезија.

За сето ова изготвија и Стратегија со акциски план за реализација. Арно ама, во тој акциски план на предвидените приоритетни цели, им определиле рок на реализација до 2020 година! И? До каде стигна Зaeв со реализацијата, не знаеме! Несака веќе да зборува за овој “еднократен” концепт на хартија кој уште од самиот наслов е “ocyден” како неспроведлив. Освен ако во меѓувреме не ги промениле стратешките цели за “подобрување”. Освен ако под стратешката цел “подобрување на образовниот процес”, мислел на воведување на ceкcyaлно образование?! Или под “ревидирање” на учебниците мислел на бришење на зборот “фaшиcтички” окупатор?! Можеби мислел на фрлање учебници во отпад?!

Не можеме да знаеме што мислел, но гледаме што прави. Еднаквост и еднакви можности сеуште се привилегија само за некој, а социјална правда и правичност пак не е за секој! Ќе немаше дискриминација, а додадоа нови поглавја на истата, народот го поделија на вакцинирани, и на не вакцинирани. Им го ограничија правото на движење и нормално функционирање. Ученици кои можат и кои неможат да следат настава. Пациенти кои ќе се лекуваат или нема да се лекуваат. Дури и сопствените членови си ги поделија на корисни и некорисни. Ништо од стратегијата!

Коалициониот партнер ДУИ изгледа сеуште се “држи” на заевите приоритети и мислат дека го “припремил” општеството, па најавуваа премиер, а најново и претседател на државата! Со право. Заевата општествената кохезија требаше да биде завршена во вториот квартал од 2020 година. Толку од едно општество за сите. Тоа беше една од повеќето заеви лаги искористена како јадица за “ловење” гласови во определен период. Веќе не е актуелна. Концептот “едно општество за сите” е прогласен за yмpeнo!