
БУГAPИJA се пpeмиcли, eвe штo баpaaт
Бугарија пак се премисли, сега друго бараат. Одлучен крај на дебугаризацијата и потиснување на правата на Бугарите во Македонија е клучот за започнување на преговорите на Скопје за Eвpoпската yнија. Ова го изјави Бojко Ноев, поранешен министер за одбрана и дипломат од кариера.
Оваа бугарска шушумига од кариера не знае дека дебугаризацијата е одамна завршен процес, пред околу 40 години и тој е неповратен. Веројатно следно што ќе побараат е ребугаризација, односно Македонците да станат Бугари ако сакаат ЕУ. Вакви шапшали нема на сцена во ЕУ, само во Бугарија.
Ноев нагласи дека на самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржа претходно оваа недела во Словенија, Бугарија и претседателот Румен Радев на нашите партнери на јасен и разбирлив начин го изложија проблемот на Македонија и зошто не е можен почеток на ЕУ преговори за членство.
„Причината е непочитувањето на универзалните човекови права, системската дискриминација. Додека не престане дискриминацијата на Бугарите во Македонија, додека не добијат еднакви можности да учествуваат во политичкиот, социјалниот, културниот, економскиот живот, додека не можат да ги пеат своите песни, да ги читаат нивните книги и да зборуваат на нивниот јазик, да ги почитуваат нивните споменици, дотогаш прашањето за почеток на преговорите нема да се решат. Целосната дебугаризација мора да престане “, изјави Бojко Ноев.
На која планета живеат овие токмаци? Кои права на Бугари да пеат песни во Македонија? Овие мислат дека се сите како нив фашизоидни, па како што во Бугарија немаат прави другите етноси, така е исто и во Македонија? Во Македонија песни се пеат од кај сакаш и од кој сакаш. Дали се нормални?
Тој истакна дека сите бугарски влади постапиле наивно очекувајќи овие прашања сами да се решат. „Мислевме дека со помош на нив за време на ембаргото, за време на кризата во Косово, кога им помогнавме да го зачуваат интегритетот на земјата, кога Албанците ги бараа своите права со оружје во рака, прашањата ќе се решат. Не само што не одлучија, туку и се продлабочија “, рече поранешниот министер за одбрана.
Шупелката продолжува да тресе зелени:
„Не само што Бугарите мора да бидат вклучени во Уставот, туку мора да има и свечена декларација од нивниот парламент во која се вели дека Бугарите се еднакви со сите народи во Македонија“.
За на крај да ја каже најголемата глупост дека не може да има мулти-перспективен пристап кон историјата, туку може да постои само бугарска историја.