ДOБPO УТPO oд амaтepкaта сo еyфopија во cтaдoто

Добро утро

Еуфорија

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

И овој пат политичарите успешно создадоа еуфорична состојба кај народот. Постојаното појавување и узурпирање на медиумскиот простор си ги покажува резултатите. Ефектот од истата врз нив е видлив, повеќето се во состојба на радосна возбуда и претерано воодушевување од своите лидери.

Предизборната еуфоричност ги стави во сенка реалните проблеми. Едноставно не ги приметуваат. Никој не забележува дека сеуште има пандемија, дека сеуште умираат луѓе! Не се актуелни дневните табели на Филипче за преживеани и починати. Живи изгорените се веќе во заборав. Таа еуфоричност што успеваат да ја постигнат на сите реални проблеми, претставува болна состојба пропратена со безгрижност.

Тие истите кои донесоа еден куп дискриминаторски одлуки, на своите собиранки не ги почитуваат. Нема маски, нема дистанца, нема сертификати… нема пандемија?! Бројките од Филипче кои пак, беа најактуелни пред да започне кампањата никаде ги нема! Табела има, но не со болни и починати, туку со присутни и отсутни на собиранките кои ги организираат! Воопшто не се загрижени за здравјето на своите граѓани кое им беше мотив за донесувањето на претходните одлуки со кои им го ограничуваа движењето.

Не случајно го организираа пописот за време на пандемија. Го насочија фокусот на пописот, па сега на изборите. Во нивните говори го ставаат како успех дека успешно е спроведен, иако конечните податоци ќе бидат покасно објавени. Ниту здравје ги интересира, ниту општо добро. Важно им е да зафатат што повеќе фотељи.

Ова претерано воодушевување ќе ни се врати како бумеранг. Кога ќе спласне еуфоријата ќе настапи разочарувањето, ама ќе биде доцна! Тие веќе ќе ги соберат плодовите (читај гласовите) додека трае еуфоријата!