ПАРАДНО ДОБРО УТРО од аматерката за гордеење

Добро утро

ПАРАДА НА ГОРДОСТА

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Во најубавата приказна за слободна Македонија се вградени судбините на огромен број млади луѓе. Денешниот ден е спомен за едно важно наше востание кое мора да стои на пиедесталот на макеоднскиот народ во создавањето на македонската Pепублика.

До денес, овој празник се славеше под симболика “првата пушка” против фашистичкиот окупатор! Но, за прв пат после 80 години имаме власт која “не просветли” и ни ја соопшти “вистината”. Денес Заев вели дека не лажеле до сега! Немало фашисти! Тие биле наши пријатели, ама сигурно нашиве стари погрешно ги разбрале па ги нападнале!

Денес е државен празник и засега нема владина одлука да се укине како таков. Според тоа, владини делегации по протокол би требало да бидат во Прилеп и Куманово да го одбележат денот, да полагаат венци на историските обележја. Каков говор ќе одржат, не се знае. Со оглед на тоа дека се во кампања за локални избори, сигурно ќе им ветат нешто и на паднатите борци.

По повод на овој празник во Република Македонија традиционално се доделуваа наградите „11. Октомври“ за животно дело. Денес можеби истата ќе ја доделат на организаторите на “парадите на гордоста” или на “сексуалните работнички”, по предлог на Мила.

Моменталната власт е мирољубива. Не сака да се потсетува на војни и страдања. Гради пријателства и дава што и да и побараат. Така модерни, со рака на срце во стилот на премиерот, “отворени” се за секој! Сепак, едно “демоде” од мене: Честит празник Македонци!