Мицкоски незадоволен од Пендаровски

Македонија, Политика

Семејствата на осудените насилници од 27ми април се во постојан контакт со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Постојано го молат да им помогне во течката ситуација во која останаа после затворање на членови на нивните семејства. Мицкоски со години им ветува помош и секогаш остануваат излажани, а нивните најблиски остануваат во затвор. Последна таква голема лага на Мицоски беше дека договорил со Претседателот Стево Пендаровски нивните најблиски да бидат помилувани. Но на лагата кратки и се нозете.

Средбата на Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски навистина се оствари во вилата Водно и како што изјавија двајцата, ги „одмрзнале односите“. Убаво што Мицкоски ги замрзна па ги одмрзна односите со претседателот Пендаровски, убаво што си поигрува со него, но многу непријатно што си поигрува со судбината на семејствата на уставобранителите.

По средбата, Мицкоски кажа дека со секого ќе зборува ако на тој начин можел да спаси барем еден живот и договориле со Пендаровски и во иднина да имаат средби за важни теми. Мицкоски кажа дека на средбата се разговарало за осудените за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година. И само толку!

„Не бараме амнестија туку бараме правда за осудените лица бидејќи тие не се терористи. Имаме политичари кои нарачуваат пресуди, а судии кои остваруваат. Осудените не можат да се жалат на Врховен суд и пред Меѓународниот суд за човекови права, затоа што уште немаат добиено одлука од Апелација по нивната жалба“, рече Мицкоски, а на семејствата при средбите во седиштето на ВМРО ДПМНЕ им ветуваше амнестија. До степен на веќе договорена работа.

Тој додаде дека зборувале и за состојбата во земјава и му предочил на Пендаровски дека Македонија е најкорумпираната земја на Балканот и во Европа.

Претседателот Стево Пендаровски кажа дека на средбата која траела еден час, едвај 4-5 минути се зборувало за нападот на Собранието на 27 април, и дека му кажал на Мицкоски оти нама шанси да ги амнестира овие лица кои направиле кривично дело без преседан во соверемена Европа. Кој тука лаже? Пендаровски сигурно не.

„27 април беше само повод за ВМРО-ДПМНЕ да ги одмрзне односите со мене. На средбата кажав дека овие лица не беа осудени за тероризам, туку за терористичко загрозување на уставниот поредок и за тоа добија соодветни казни. Меѓутоа, политичката реторика за пресудите дополнително го продлабочува јазот меѓу граѓаните. Мојата теза е дека ако продолжиме со ваква крајно спротивставена реторика, не ќе може да поставиме нормална политичка дебата во која нема да се гледаме како смртни непријатели. Мојот став ако има нови докази дека може да се преотвори процесот, не значи дека заговарам отварање на процесот, туку само ја цитирам законската можност. Ја разбирам потребата од драматизирање и патетика за еден мал дел од медиумите и најаваите дека средбата ќе помине во обид за ревидирање на судскиот процес. Наводното релативизирање на настаните од 27 април кое некои ми го импутираат не можете да го очекувате од мене, бидејќи јас тој ден како пратеник бев еден од нападнатите и повредените“, кажа Пендаровски.

Но љубовта, односно помирувањето траеше кратко. Само еден ден по средбата меѓу претседателот на државата и опозицискиот лидер, повторно остри тонови. Мицкоски го обвини Пендаровски за дволичност. Вели, внатре се согласиле за се, но претседателот едно зборувал на средбата, а друго пред новинарите.

Од Кабинетот одговорија дека, ставовите на претседателот Стево Пендаровски за настаните од 27 април и се кристално јасни на македонската јавност и воопшто не зависеле од средбата со Мицкоски. Според нив, фактот што по вчерашната средба немаше заедничко соопштение, ниту заедничка прес-конференција, јасно покажува дека секој од соговорниците ги кажувал само своите ставови и оценки за тие настани.

Многу јасно е дека Мицкоски повторни ги извиси семејствата на осудените. Пендаровски е јасен дека не заговара ревизија на судскиот процес, туку граѓанско помирување, за „луѓето да не се гледаат преку нишан“. Според него, луѓето сториле терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а не кривично дело тероризам и нема намера да ги амнестира.

Сега вистината е јасна, Мицкоски повторни излажа и ги осуди на дополнителни омаловажувања членовите на семејствата на осудените. Тогаш зошто се организираше протест под мотото „Слобода за уставобранителите“, ако Мицкоски знаел дека нема никакво договор. Јасно е дека манупулирал со чувствата на граѓаните за личен профит и промоција. Најболно е што Мицкоски на тој протест ги злоупотреби децата на уставобранителите за партиско политички цели. Тоа никогаш нема да го заборави демократската јавност во земјава.