Гоце и Тито

Браварот му се поклони на Даскалот!

Изјави

“Браварот” му се поклонува на “Даскалот” на гробот во неговата Македонија, а сите наши senior политичари вчера или го “заборавија”, или се “уплашија” да им пријдат до неговите мошти. Арам да ви е на сите одделно! Имаме една поговорка “не ме слушај што ти зборувам, гледај што правам”!

Најдобро да замолчите сите и леви и десни и горни и долни-не му го споменувајте името воопшто. При секое ваше споменување, се превртува во гроб!

Сите вие политичари од сите партии во Македонија , имате среќа – Бојко Борисов не е веќе премиер на Бугарија, инаку вчера заедно со Каракачанов ќе се “плеснеше” во Скопје со камион, а можеби и со тенк, полн со цвекиња, и ќе беа со наклон најмалце половина час… и покрај големите мевови, што ќе беше рамно на 2000 склекови за нив! Ќе истрпеа за “нивниот” Гоце! – реакција на уредникот на канал 5 ТВ Иван Мирчевски на социјалните мрежи.