ЗAEВ: Eкoномиjaта е тoп, пoлетyвaме

Изјави

Премиерот Зоран Зaeв, изјави дека кризата е официјално завршена и дека економијата закрепнува.

„По една година, според официјална статистика, можеме да кажеме дека кризата официјално заврши и дека економијата закрепнува, што е потврда за нашите анализи дека економијата е стабилна и ќе расте“, рече Зaeв.

Тој потсети на податоците на Државниот завод за статистика дека во вториот квартал годинава е регистриран раст на бруто домашниот производ од 13,1 отсто.

„Ова значи дека во првата половина од оваа година постигнавме раст на БДП од 5,6 проценти. За оваа година, проектиравме раст (БДП) од 4,1 проценти, со очекување дека извозот ќе порасне за 10,6 проценти, и раст на бруто инвестициите од осум проценти “, рече Зaeв.

Како што посочи, стапката на вработеност повторно почна да расте со исто темпо како и пред пандемиjaта од крајот на 2020 година, со пораст од 1,5 проценти во последните три квартали, а просечната нето плата исто така се зголемува.

„Невработеноста е на ниво од 15,9 проценти, што е историски најниско ниво во поновата македонска историја. Таа е намалена за 4,8 проценти во споредба со истиот период во 2020 година. Дополнително, според официјалната статистика, просечната нето плата континуирано расте по вработен и изнесуваше 28.744 денари (околу 470 евра) во јуни“, рече Зaeв.