Вархеји со Мицкоски на тајна средба

ОРБАН ПРЕКУ ВАРХЕЈИ И МИЦКОВСКИ ПРИТИСКА ЗА НОВ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА

Политика

Бугарите и Унгарците се народи со заедничко азиско потекло. Секогаш се координираат за настап на Балканот. Орбан веќе се вмешува во македонско – бугарските односи, на страната на Бугарија. Тоа го прави преку еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој доаѓа од неговата партија и е во тесна соработка со ВМРО ДПМНЕ на Груевски и Мицкоски. Вархеји повторно кажа дека Европската унија може да ги почне пристапните преговори со Албанија пред Македонија, ако не се најде заеднички прифатливо решение со Бугарија за историскиот спор.

„Ако наидеме на потешкотии повторно со Северна Македонија, што би значело дека нема да имаме успех во убедувањето на Бугарија и Северна Македонија да најдат заеднички прифатливо решение, тогаш прашањето е дали можеме да одиме напред само со Албанија. И ние мораме да го разгледаме тоа прашање“, кажа Вархеји, одговарајќи на новинарско прашање на „Јуроњуз“ денеска во Брисел.

На прашањето дали е опција формалното разделување на двете земји, кои досега одеа во пакет, тој одговори:

„Да, тоа е опција“.

Вархеји кажа нешто слично и завчера, за време на неговата посета на Скопје, по повод донацијата од 4.800 вакцини од ЕУ. Ова се прифаќа како директен притисок врз Македонија да ги прифати бугарските услови, а обид да и се помогне на Бугарија да ја асимилира Македонија.

„Албанија ги има исполнето сите услови и ако не се постигне договор за случајот на Северна Македонија мислам дека ќе дојде и тој момент кога ќе треба да разгледуваме и други опции. Денеска разговарав за ова прашање со премиерот Заев и се согласивме дека мора да се направи напредок од двете страни“, рече завчера Вархеји.

Со оглед на честите координации на Мицкоски и Заев, се поставува прашањето дали ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски во координација со Груевски и Орбан планираат да прифатат „компромис“ со Бугарија и конечно уништување на македонскиот национален идентитет?

Македонија има чиста препорака за почеток на пристапните преговори од Европската комисија, но конечната одлука ја носи Европскиот совет, каде што Бугарија стави вето. Доколку Заев е подготвен на компромис, тоа не може да го реализира без договорена поддршка од Мицкоски. Слично како со промената на името Македонија и Преспанскиот договор со Грција. Дали ќе ни се повтори преспанската историја со Бугарија, останува да видиме за многу краток период.