ДOБPO УТPO од аматepката со БPAНКОВО ПOKАЈAНИЕ И НАJAВЉEНИЕ

Добро утро

БРАНКОВО ПОКАЈАНИЕ И НАЈАВЉЕНИЕ

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Бранко се покаја и призна дека од лошото имало и полошо! Дури и за него ова е многу, па реши да прозбори после долгогодишна пауза. Најпрво си ги призна грешките и штетите што ги нанесе на граѓаните, па продолжи со забелешките за моменталните состојби.

Од денешен аспект неговата пакост е минорна во споредба со сегашната. Ја премолчи „преродбата“, го премолчи „груевизмот“, но не издржа за „заевизмот“! Во негов арогантен стил, ги стави под сомнеж капацитетите на политичките партии и побара од претседателот на државата да превземе иницијатива за спас на државата.

На Бранко му текна дека во државава изразена била корумпираноста, постоела длабока поделеност на општеството, а задолженоста била преголема! Полошо и неможе да биде! Ништо не чини вели. Нема еднаквост пред закони, нема фер пазарна економија, нема квалитетно образование, каде што дипломите се заслужуваат, а не се купуваат, нема ни квалитетно здравство, ниту довеба во институции. Вели нема доминантен систем на општествени вредности, за да се исчекори напред. Со други зборови сака да му каже на Зоки дека Мила му е за никаде, Венко исто така, правда не му функционира и дека целиот систем е хаотичен.

На што се должи неговата загриженост за државата така одеднаш!? Не дека кажа нешто што не знаевме, но зошто баш сега? Зоки, не ќе да е на арно. Нешто си чепнал каде што не треба, па го разбуди Бранко од хибернација што може да биде причина за зголемена опасност по тебе.

Според информации од CДCM, секој што бил во комуникација со Бранко е отстранет од градоначалничка позиција и од кандидат за истата. Еден од нив е Богоев, на кого, за да не се случи скандал, ќе му биде понудена друга извршна позиција под будното око на Заев. За Сpбче не се ни подзамисли.

И на Шеќеринска и најде замена после долги години. Таа ја премолчи, но очигледно не ја прости! Нешто поодамна го „реши“ и Манчевски. Ветераните му отидоа со Максим. Нешто ја „прели чашата“, па Бранко „дигна рачна“ баш пред избори. Ова никако неможе да биде во корист на владеачката структура, но исто така и внатрепартиската „чистка“ на Зоки ќе затаи.