АЛБАНИЈА и се скара на Србија, Заев сам во Отворен Балкан

Балкан

Албанското министерство за европски прашања ја повикува Србија итно да се повлече од југот на својата територија и да не се доближуваат до границите на Косово. Албанија особено ја загрижувале извештаите за српските воени сили упатени, како што се истакнува, „во близина на границата со Косово“ и воените авиони кои летаат блиску и над „воздушниот простор на Косово и предизвикуваат тензии“.

Тие тензии, наведува албанското министерство, поттикнуваат поединци да предизвикуваат немири и насилство и имаат цел да го дестабилизираат Косово.

Таквите постапки на Србија, тврди албанското министерство, е во спротивност со меѓународните договори чија цел е осигурување безбедност и стабилност во тој дел од регионот.

„Министерството ја повикува Србија да ги повлече своите оружени сили распоредени во близина на границата на Косово и да работи на итна деескалација“, се наведува во соопштението.

Во соопштението се додава и дека Тирана е загрижена поради ескалацијата на ситуацијата на северот на Косово и најостро се осудуваат вандалските дела извршени на северот на Косово каде „поединци запалија канцеларија за регистрација на возила во Зубин Поток и оштетија слична канцеларија во Звечан“. Со други зборови, Србите се вандали.

Ништо не може да ја оправда употребата на насилство, нанесувањето штета на јавниот имот и непочитувањето на владеењето на правото, оценува албанското министерство, повикувајќи извршителите да се изведат пред лицето на правдата.

Ова соопштение го вчаши претседателот Вучиќ, зашто Тирана му наредува на Белград што да прави на своја територија и со своја војска, и тоа надвор од Косово, Србите ги нарекува вандали и бара затвор за демонстрантите. Со тоа и дефинитивно е погребан т.н. Отворен Балкан.

Единствен кој сеуште се надева на Отворен Балкан е Зоран Заев, кој буквално ја стави Македонија во потчинета положба под Албанија и Србија. Сега откако веќе Албанија и Србија дефинитивно се во „војна“ за Косово, Македонија останува пак извозена со уште една голема лага наречена „Нова Југославија“!